10 совети за природнa зимска нега на кожата

Консумирајте Омега-3 масти

Зимската нега на кожата може да трае и до Април. Иако доаѓа пролет сеуште ќе има ладни денови во кои ќе имаме потреба од зголемена и соодветна нега.  За да не ги почувствувате ефектите од студеното време и ветерот, подобрете ја вашата рутина со овие 10 природни совети со кои ќе го задржите чувството на млада свежа и мека кожа.

Останете хидрирани

Со одржување на хидратацијата, вашата кожа природно ќе го следи вашиот пример. Ако имате проблем да се сетите дека ви е потребна одредена количина H2O, обидете се да направите навика со тоа што ќе ставите потсетник или ќе симнете некоја од апликациите во вашиот телефон, која ќе ве потсетува да се напиете чаша вода.

Сменете го вашиот крем за хидратација

Користете богата, навлажнувачка база во текот на зимските месеци. Ова ќе ви помогне да ја задржите водата во вашата кожа а ќе ја одржувате дополнително со хидрататни лосиони. Како и секогаш, одберете органски или барем знајте ги состојките на одбраниот производ!

Хидратирајте се со овлажнувач на воздухот

Зимата природно носи ниска влажност, но и греењето дома може да ја намали влажноста на вашата кожа. Инвестирајте во добар навлажнувач, и поставете го во вашиот дом за да ја одржите влагата на повисоко ниво.

Повеќе зеленчук во исхраната

Краставица и целер природно содржат многу вода – Ова ги прави ваши совршени сојузници, посебно кога се обидувате да се задржите себе си и вашата кожа хидрирани, а одлични се и за вашата линија. Портокаловиот и жолтиот зеленчук, како слаткиот компир, морковите, црвените пиперки и тиквата, се одлични за вашата кожа поради антиоксидантите и бета-каротинот што ги содржат . За да ја зголемите потрошувачката на витамини А, Б и Е, железото и омега-3 мастите, додадете малку спанаќ и друг темен лиснат зеленчук на вашата чинија, како блитвата и прокељот.

Консумирајте Омега-3 масти

Забележете дали ви се дланките и прстите на рацете суви и дехидрирани. Доколку забележите дека не се меки и мазни туку се груби , оваа состојба може да укаже на недостаток на омега-3 масти. Овие есенцијални масни киселини најмногу се содржат во лосос, маслиново масло и ореви.

Избегнувајте хемиски сапуни

Не само што вашата кожа е вашиот најголем орган, туку е и многу порозна – што значи дека она што го ставате на вашата кожа најверојатно навлегува и во вашето тело и крвотокот. Плус, антибактериските сапуни, и производите за нега на кожата кои содржат алкохол или се мизризливи, ги отстрануваат природните масти на кожата.

Избегнувајте голема топлина

Сите се чувствуваме одлично во када со топла вода во текот на зимата, но некои од нас имаат навика малку да претераат со температурата. Топлината на водата измешана со сапунот или геловите за туширање ги осиромашува природните масла на вашата кожа. Доколку после туширање  кожата ви  е црвена и иритирана, тоа е знак дека водата ви ја дехидрирала кожата.

Повремено користете кокосово масло

Девственото органско кокосово масло служи како високо ефективен производ за нега на кожата. Кокосовото масло се бори против слободните радикали, најверојатно поради високите нивоа на ферулична и п-кумарична киселина, а нивните природни антиоксидантни својства ја одржуваат кожата младешка, свежа и хидрирана. Да не заборавиме дека ова масло е одлично и за нега на косата!

Пијте сок од калинка

Ова освежително црвено овошје е спакувано со полифенолни антиоксиданти, кои не само што се борат против слободните радикали во организмот, туку и многу студии тврдат дека може да го спречат стареењето на клетките.

Нежно ексфолирајте ја кожата

Како што старее телото, неговата природна способност да се регенерира и да создава нови слоеви на младешка кожа се забавува. Нежната ексфолијација ќе ги отстрани мртвите клетки од површината на кожата и ќе ја замени со свежа, блескава кожа. Практикувајте ексфолијација на лицето и телото барем еднаш неделно.

За сите дополнителни совети околу нега на кожата, пишете и’ на Магдалена Медичи на нејзиниот Инстаграм-профил @maggiemedici или @velvet_hairandbeauty.

Текст: Магдалена Медичи

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.