10 намирници што произведуваат колаген: Храна што ни помага да изгледаме младолико

Одлична храна

Кога нивото на колаген во телото ќе опадне, доаѓа до забрзано стареење и појава на брчки

Колагенот е примарен структурален протеин што може да се најде во повеќе сврзни ткива во нашето тело и одговорен е за младешкиот изглед и за одржувањето на еластичноста на кожата. Доколку сакате да го забавите процесот на стареење, овие намирници треба да станат дел од вашата редовна исхрана…

Лосос

Преполн е со минерали одговорни за производство на колаген, како што е цинкот. Исто така содржи и многу омега-3 масни киселини што помагаат во одржувањето на влажноста на кожа.

Супа од коски

Супата всушност не го поттикнува производството на колаген, туку содржи биоактивен облик на колаген кој вашето тело може веднаш да го искористи. Супата од пилешки и мисиркини коски содржи колаген тип 2 кој го одржува здравјето на зглобовите, а супата од говедски коски содржи колаген тип 1 кој го одржува здравјето на кожата.

Јајца

Слично како и супата од коски, јајцата исто така содржат колаген во жолчката. Во јајцата има многу сумпор, кој е важен за детоксикација на црниот дроб и производството на колаген. Тоа овозможува отровите што го уништуваат колагенот да бидат отстранети од телото.

Чиа семки

Богати се со омега-3 масни киселини кои се потребни за хидратација и обновување на клетките на кожата, што овозможува таа да изгледа младолико и мазно.

Семки од тиква

Богати се со цинк и исто како и лососот, совршени се за луѓето на кои им недостига колаген. Пржените семки се најдобри, бидејќи се побогати со хранливи материи од суровите.

Агруми

Големата количина на витамин Ц што ја содржат агрумите им помагаат на аминокиселините во производството на пролини, неесенцијални аминокиселини кои учествуваат во производството на колаген.

Зелен зеленчук

Содржи хлорофил, пигмент што го зголемува нивото на проколаген во кожата. Хлорофилот исто така ја штити кожата од стареење, бидејќи телото го користи во борбата против слободните радикали и УВ-зраци.

Шумско овошје

Брусницата, капините, јагодите и малините содржат елагична киселина, која помага во заштитата на кожата од оштетувања предизвикани од УВ-зраци, а обезбедуваат и здрава количина на витамин Ц.

Авокадо

Витаминот Е што го содржи авокадото помага во одржувањето на нивото на колаген во телото. Авокадото содржи и корисни маснотии кои го јакнат здравјето на кожата и го зголемуваат производството на колаген.

Домати

Богати се со ликопен кој ја штити кожата од УВ-зраци и ја поттикнува синтезата на колаген. Печениот домат содржи голема количина на ликопен, а доматниот сок го содржи во најголема количина.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.