10 ЛЕТНИ ПРОБЛЕМИ СО ИЗГЛЕДОТ и ефикасни решенија

Нека блесне секој дел од телото

Фото: Getty Images

Уште при поглед на вашиот стомак, грб, стапала, деколте или нокти ви се расипува расположението? Ви помагаме да блесне секој дел на вашето тело!

1. Нерамномерен тен на кожата

По периодот на зимска облека, голем број жени имаат проблем да ги откријат рацете, нозете или деколтето. Најбрзо решение за нерамномерен тен на кожата е примена на тониран лосион за тело.

2. Акни на грбот

Третирајте ги на ист начин како оние на лицето. Прво, натапкајте на нив мешавина од јаболков оцет и масло од чајно дрво, а потоа намачкајте ги со коректор.

3. Оштетени нокти на нозете

Доколку вашите стапала не изгледаат репрезентативно, прв и најдобар потег е да закажете педикир кај професионалец. По третманот, одржувајте правилна хигиена и нега на стапалата. Пред педикир во домашни услови, прво отстранете ги наслојките од петиците (и на прстите) со најнежна стругалка, а потоа потопете ги стапалата во купка.

4. Враснати влакненца

Природниот изглед на бикини-зоната полека се враќа во мода. Се разбира, не станува збор за 100% влакнетост на овој дел од телото, туку за помалку радикална депилација од прочуената „бразилка“. Најдобро е третманот да го спроведе обучена козметичарка за да се спречи непријатно враснување на влакната.

5. Груба кожа на лакти

За да не ги криете лактите со долги ракави цело лето, направете пилинг на овој дел на телото кој ефикасно ја измазнува кожата и ги отстранува мртвите клетки.

Фото: Getty Images

 

6. Непривлечен стомак

За убав изглед на вашиот стомак, без ригорозни диети или напорни тренинзи, потребна ви е само суперефикасна напивка. Во овој случај, тоа е чај од мака, кој содржи високо ниво на катехин, хемиска материја за забрзување на метаболизмот и за согорување масти.

7. Виснат задник

Сакате вашата „заднина“ да изгледа поубаво и поцврсто под тенките материјали на летната облека? Експертите велат дека естетски третман на база на радиофреквентни бранови со висока енергија е вистинското решение. Овие бранови навлегуваат во подлабоките мрсни наслојки и ја затегнуваат кожата.

8. Иритација на кожата по бричење

Не позајмувајте го бричот на вашиот партнер, бидејќи се изложувате на зголемен ризик од исеченици и инфекции, туку набавете си квалитетен женски брич. Современите женски бричеви се дизајнирани да ја минимизираат можноста од исеченици и од инфекции, обезбедувајќи максимален ефект. Се разбира, за време на бричењето користете крем што ја хидрира и заштитува кожата.

9. Целулит

Несомнено, целулитот им е кошмар на голем број девојки и жени, а за намалување на овој естетски проблем можат да ви помогнат наменски кремови и лосиони.

10. Болна депилација со восок

Доколку со депилацијата ги постигнувате посакуваните резултати, тогаш подгответе се добро пред самиот третман. За намалување на болката, напијте се аналгетик половина час пред третманот и избегнувајте ја постапката една недела пред менструацијата, кога е понизок прагот на толеранција на болка. При отстранување на восокот, затегнете ја кожата, брзо влечете ги лентите, а потоа смирете ја кожата со коцки мраз.

Текст: Н.Ч.

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.