Здрави намирници кои ќе ви помогнат да ја одржувате косата здрава

Природен лек

Набавете здрава храна која го спречува опаѓањето на косата и го поттикнува нејзиниот раст.

Многумина од нас се соочуваат со зголемено опаѓање на косата. Постојат многу причини за губење на косата: стресот, пушењето и неурамнотежената диета се само неколку. Како да се спречи оваа непријатна појава? Дневниот внес на овие здрави намирници ќе го запрат процесот на губење на косата, но исто така ќе го зачуваат здравјето на скалпот, ќе го стимулира растот и ќе го вратат сјајот на косата.

Јајца

Јајцата се познати како вистинска ризница на здравјето и се одличен извор на протеини и биотини кои се важни за здравјето и растот на косата. Покрај тоа, јајцата се богати со витамин Д кој исто така го забавува процесот на опаѓање на косата.

Ореви

Покрај тоа што со нив внесувате калории и здрави масти во организмот, тие се добри за здравјето на срцето и мускулите, истражувањата покажаа дека есенцијалните масни киселини омега 3 и омега 6 можат да помогнат во спречување на опаѓање на косата и промовирање на раст на косата.

Прочитајте и: Неприфатливи грешки за убавина за жени кои имаат проблеми со акни

Јаткастите плодови што се бадемите, оревите и кокосовото масло делуваат како природни навлажнувачи кои ја навлажнуваат кожата и косата и им го даваат посакуваниот сјај. Исто така, семето и јаткастите плодови се богати со витамин Б, цинк и витамин Е, кои ги зајакнуваат клеточните sидови и обезбедуваат антиоксидантна заштита.

Спанаќ

Омилената храна на Попај е богата со железо, што спречува опаѓање на косата. Покрај покачувањето на нивото на железо во организмот, спанаќот е исто така богат извор на витамини А и Ц кои помагаат за раст на косата.

Сладок компир

Благодарение на витаминот Б6 и содржината на бета-каротин, оваа храна ќе помогне да се забрза растот на косата. Слаткиот компир, исто како и морковите, е богат извор на витамин А кој е важен за здравјето на очите, а неговиот недостаток во организмот може да биде причина за сувиот скалп.

Леќа

Зелена, кафеава, црвена или црна, оваа храна е преполна со протеини, железо, цинк и биотин, а леќата е исто така е богат извор на фолна киселина: ни помага да произведуваме црвени крвни клетки кои потоа пренесуваат кислород до клетките на кожата и скалпот.

 

ФОТО: Pixabay

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.