„Заколнатата“ бринета стана русокоса и го подели мислењето на јавноста: Што мислите вие за оваа промена на Моника Белучи? (ФОТО)

Актерката, која важи за една од најубавите жени на светот, направи голема трансформација, по која ретко кој би ја препознал. Сепак, според сите проценки, таа ја остави светската јавност без здив, а промената ѝ одговара.

За потребите на фотосесијата за насловната страница на францускиот магазин „Мадам Фигаро“, Моника Белучи стана русокоса и предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи. Додека некои беа фасцинирани од нејзиниот нов имиџ, други тврдеа дека нејзината кафена коса е нејзин заштитен знак.


Комплетната фотосесија е инспирирана од култниот филм „Долче вита“. Моника требаше да потсетува на легендарната Анита Екберг, која го толкуваше ликот на Силвија во споменатиот филм, а инспирација за изгледот на оваа актерка беше култната сцена со влегувањето во Фонтана ди Треви.

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.