Заборавете на трендовите: Овие две фризури никогаш нема да излезат од мода, а одлично им стојат на сите!

Класиката секогаш е најдобра опција

Доколку сте решиле да го менувате имиџот, овие фризури се сигурен избор

Трендовите доаѓаат и си одат, но со класиката нема грешка. Фризерите секоја сезона наметнуваат некој нов тренд на стилизирање на косата кој ретко се задржува, па потоа доаѓа следниот и така во круг. Промените некогаш ни годат, но ќе се согласите дека невозможно е да го следите сето тоа што е актуелно.

Овие фризури успешно го поминале тестот на времето и веќе со децении се омилен избор на припадниците на поубавиот пол. Најдоброто кај нив е тоа што одлично стојат на секој облик на лице.

Доколку не сакате да ризикувате, овие две фризури се совршени за вас.

Боб-фризура

Паж или боб-фризурата, со должина малку под брадата, стои на сечие лице. Дури и ако имате тркалезно лице, ќе ви стои феноменално. Оваа должина е одлична, па лесно ќе ја одржувате формата и фризурата ќе ви изгледа беспрекорно. Може да носите целосно рамна коса, но добро ќе изгледа и доколку ја навиткате.

Степенеста фризура

Ваквиот начин на кратење коса е непобедлив веќе со децении. Сигурно барем еднаш во животот сте имале токму ваква фризура и знаете колку добро го нагласува лицето.

Благодарение на начинот на кратење на косата, нема да треба да вложувате никакви дополнителни напори за нејзино стилизирање. Доволно е да ја исушите со фен, да додадете малку пена, да ја истуткате косата и ќе имате фризура како штотуку да сте излегле од фризерски салон.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.