Веќе не е русокоса: Бритни Спирс драстично го променила имиџот!

Комплетна промена!

Одлично и’ стои новата боја на коса

Иако беше препознатлива по својата платинеста боја на косата, таа решила по долги години драстично да го промени имиџот.

Есента и почетокот на новата сезона изгледа дека ги инспирирал познатите дами да пробаат нешто ново. Покрај Бритни Спирс, и Шарлиз Терон неодамна направила голема промена на фризурата.

Пејачката со објава на фотографија на Инстаграм покажала како изгледа со потемна боја на коса.

Во описот пишувало: „Исто лице, ист фустан, но нова боја на коса“.

Пејачката открила дека на овој чекор ја наговорила сестра и’. Кафеавата боја на коса е одличен избор за есенските денови.

По објавата, следеле само позитивни коментари. Многумина се сложуваат дека кафеавата боја одлично и’ стои.

View this post on Instagram

I really like this song !!!!💄

A post shared by Britney Spears (@britneyspears) on

Се огласил и нејзиниот дечко со коментар:

„Прекрасна си со која било боја на коса!“.

Ви се допаѓа нејзината промена?

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време