Ве мачи опаѓањето на косата? Имаме решение!

Причините можат да бидат крајно едноставни, но и загрижувачки

Опаѓањето е почесто на преминот од едно во друго годишно време, кога организмот е помалку отпорен.

Опаѓањето на косата е директно поврзано со микроциркулацијата во кожата на главата, но, истовремено, за опаѓањето придонесуваат и стресот, хормоналната нерамнотежа во организмот и временските услови.

Губењето на косата е проблем со кој се засегнати голем број мажи, и спротивно на општото мислење, и жени. Сè поголем е бројот на жените што се соочуваат со засилено опаѓање на косата. Ако и вие спаѓате во оваа група, прво треба да знаете што придонесува за алопеција (трајно губење коса).

Фото: Thinkstock

За трајно губење на косата можат да придонесат голем број внатрешни причинители, како што се исхраната, хормоните или генетичката предиспозиција. Значајна улога имаат и годишните времиња. Напролет, фоликулата на влакната поминува во фаза на мирување, кое продолжува за време на летото.  Тоа предизвикува зголемено опаѓање на косата за време на есента. Кај „нормалната“ коса во просек опаѓаат од 50 до 100 влакна на ден.

Токму затоа, наш предлог за решавање на овој проблем е Densi Solutions, најновата линија на реномираната козметичка куќа Vichy наменета за жените што се соочуваат со проретчување на косата и со недостиг од волумен и имаат потреба од третман за згуснување.

Препаратите од линијата, клинички докажано, влијаат на зголемувањето на масата на косата и го спречуваат процесот на нејзино стареење. Со редовна употреба на производите ќе си обезбедите погуста коса со здрав изглед, но и длабински исчистен скалп. Производите НЕ содржат парабен, силикон и вештачки бои.

ШАМПОН

Шампонот Vichy Dercos Densi Solutions за тенка и слаба коса нежно, но темелно, ја отстранува нечистотијата од кожата на главата и ја ревитализира косата од корен. Благодарение на моќните активни состојки рамноза, витамин Е и филоксан, на косата ѝ ги враќа волуменот и цврстината на влакното.

  • Резултатите од инструменталното испитување покажаа +40% волумен по првата употреба!

БАЛСАМ

Регенераторот Vichy Dercos Densi Solutions за тенка и слаба коса длабински хидрира, го подобрува квалитетот на кожата на главата и обезбедува лесно расплеткување на влакното. Формулата влијае и на поголем волумен на косата. Содржи рамноза, витамин Е и церамид.

  • Клиничкото испитување спроведено на 179 жени во период од шест недели покажа +62% волумен и подебело влакно!

 

КОНЦЕНТРИРАНА НЕГА

Третманот Vichy Dercos Densi Solutions за концентрирана нега, благодарение на дејството на антиоксидантот резвератрол и патентираната активна состојка стемоксидин, интензивно дејствува на темето на главата, го зголемува бројот на нови влакна и ја обновува масата на косата.

  • Клинички докажана ефикасност под дерматолошки надзор – погуста коса и нова маса по шестнеделна употреба!

Побарајте во сите подобро снабдени аптеки

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.