Трик што воодушеви милиони жени: Ако го додадете ова во шампонот, целосно ќе ја преродите косата!

Одличен трик!

Кога ја негуваме косата, често го занемаруваме темето и тука правиме голема грешка!

Без чиста и здрава кожа на главата, нема ни убава коса, а негата на темето честопати е на последно место.

Кога темето е чисто, косата помалку се масти, побрзо расте и изгледа посвиленкаво и поздраво. Добро е одвреме-навреме да направите пилинг на кожата на главата и да ги отстраните остатоците од препаратите што ги користите, како и маснотиите што се таложат.

Наместо да потрошите еден куп пари на производи од парфимерија, направете пилинг сами со тоа што ќе додадете лажица шеќер во шампонот што вообичаено го користите.

Гранулите од шеќер ќе направат благ пилинг и ќе ги отстранат сите мртви клетки, а истовремено ќе овозможат регенераторот што го користите полесно и подобро да продре во темето и да го хидрира.

Употреба:

Кога ќе измешате шампон и шеќер, направете блага масажа 3-4 минути за да бидете сигурни дека сите нечистотии се отстранети. Потоа, измијте ја косата како што вообичаено го правите тоа.

Шеќерот ќе се стопи, па затоа не треба да се грижите дали ќе ви остане во косата.

Најдобро е да ја повторувате оваа постапка помеѓу секое трето и петто миење на косата.

Еве како да откриете дали вашата коса паѓа повеќе од нормално
loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време