Трик на професионален фризер за седа коса и небојосан корен: За само неколку секунди ќе добиете одлична фризура полна со волумен

Пробајте!

Професионален фризер открива дека можете да ја покриете седата коса со гел за веѓи

Нормално е по одредени години да добиваме сè повеќе седи влакна и тогаш косата обично станува сè потенка и поретка.

Многу жени тогаш, но и порано, почнуваат со вадење прамени и бојосување на косата, додека други одлучуваат да ја носат природната боја на косата, дури и ако е сива или бела.

Доколку спаѓате во оние на кои им пречат седиот корен и проретчената коса, имаме генијален трик за вас.

Нанесете нијансиран гел за веѓи на коренот на косата

Секако, за овој случај може да користите и посебни производи за „маскирање“, но фризерот Мет Њумен од Њујорк препорачува необичен производ што ќе го сокрие седиот корен и ќе ја направи косата погуста: тониран гел за веѓи.

Сосема случајно се сетил на оваа идеја. Кога гелот за веѓи му бил премногу темен, добил идеја да го употреби кај корен на ретка коса за да изгледа погусто. И му успеало!

Ако користите гел за коренот на косата, ќе добиете две предности истовремено: подигнување и покривање. Ги крие седите влакна и коренот и ѝ дава поголем волумен на косата.

Секако, бојата на гелот би требало да одговара на бојата на остатокот од косата, па ако имате сед корен со темнокафена коса, употребете гел во темнокафена боја за остатокот од косата.

Позната фризерка открива која фризура е идеална за жени во 50-тите: Ги брише годините и го враќа младешкиот сјај
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.