Тенка или ретка коса? Еве како да ја стилизирате и да постигнете впечаток на бујна коса

Нега на коса

Тенка или ретка коса? Еве како да ја стилизирате и да ја негувате косата за да постигнете поголем волумен (или барем да оставите таков впечаток).

Кога имате тенка или ретка коса, може да ви биде тешко да го постигнете изгледот или фризурата која ја посакувате. Сепак, за тоа постои начин. Пред се’, важно е да откриете кој тип  коса го имате, како да ја негувате, па потоа и да ги научите основните фризерски трикови.

Тенка или ретка коса: совети и трикови

Што е тоа тенка коса?

Тенката коса е онаа која има тенок дијаметар. Ова нема врска со густината на вашата коса: тенката коса може да биде и густа и ретка. Сепак, ако имате тенка и густа коса, можно е да бидете сосема задоволни со волуменот, но ќе имате проблем во обидите да ја стилизирате косата на нов и поинаков начин.

Оваа карактеристика на косата е генетски преработена и на неа не можете да влијаете.

Што е ретка коса?

Овој термин се однесува на густината на косата, односно на бројот на прамени на одреден дел од скалпот. Дури и ако имате дебели влакна, со ретката коса тешко дека ќе го постигнете посакуваниот впечаток и волумен.

Посебно е тешка ситуацијата ако почнете да ви се разредува косата. Еден од знаците на изретчената коса е да забележите дека вашето чело е поголемо или дека повеќе пати ја затегнувате косата од вообичаено.

Како да се стилизира тенката коса?

За да можете максимално да ја искористите тенката коса, целта треба да биде да научите да работите со неа и да ја стилизирате на вистински начин. Стилистите препорачуваат да избегнувате рамни резови, тие ќе направат вашата коса да изгледа поретка. Ако вашата коса е со средна густина или густа, одлучете се за слоевита фризура. За жените кои сакаат боб и лоб, препораката е да се одлучат за нивната разбушавена верзија – косата така добива волумен.

Како да се негува тенката коса?

Користете шампон за јакнење на косата и трудете се што поредовно да правите пилинг на скалпот. Тој ги стимулира фоликулите и растот на косата. За вас се, барем така тврдат стилистите, одлично средство за нега на косата оние кое содржат кофеин. Кога одбирате средства за стилизирање на косата, одлични се пените или балсамите кои не се измиваат, односно сите средства кои се нанесуваат пред сушење на косата, а не отпосле. Ваквиот пристап помага косата да се постигне од корен и така да се постигне впечаток на поголем волумен на косата.

Како да ја стилизирате ретката коса?

Не постои правилник кој вели дека морате да носите одреден стил само затоа што косата ви е ретка или изретчена. Носете кој стил и да сметате дека ви одговара, но ако барате фризура која ќе направи впечаток на полност, изборот се стеснува.

Првиот совет на стилистите е да се определите за кратка фризура. Што е пократка косата, ќе изгледа погусто. Ако сакате долги кадрици, тогаш екстензиите се најдобар избор. Спрејовите во боја не би требало да се користат често, бидејќи можат да ја оштетат фоликулата на влакната и да допринесат дополнително изретчување на косата.

Како да ја негувам ретката коса?

Обавезно избегнувајте тешки производи на тенката коса. За додавање на волуменот, се препорачува многу добро чистење на косата и скалпот и користење на лесен регенератор. Спрејовите и пената за зголемување на волуменот ќе помогне косата да се подигне во коренот.

Можете да користите формула на база на кератин и обавезно редовно да правите пилинг на скалпот за да ги отстраните сите остатоци од производите кои дополнително ја умртвуваат и отежнуваат косата, давајќи и уште поизретчен изглед.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.