Сте чуле за контурирање на косата? Вака најдобро се истакнува убавината на сечие лице!

Погледнете

Сара Џесика Паркер се служи со овој трик со години за визуелно да го пополни своето долгнавесто лице

Русите прамени во долниот дел ги прават нејзините образи пополни, додека потемниот израсток на коренот одвлекуваат внимание од прилично шилестата брада.

Накратко, контурирањето е потстрижување, техника на бојосување и обликување со помош на светлината и сенката, за да се постигне одреден визуелен ефект, односно визуелно да се променат цртите на лицето.

Со мудро контурирање на косата, можете да го стесните или проширите лицето, да го намалите челото, да ги ублажите острите црти на лицето…

https://www.instagram.com/p/CAd3nEQAnM-/

Фризерите објаснуваат во што е поентата: ако сакате да сокриете некои делови од лицето, тоа можете да го постигнете со косата, со нејзината густина и сенка, додека истовремено треба да ги осветлите оние места што сакате да ги нагласите.

Заговорник на ваквото бојосување на косата е Ник Пен, сопственик на познат фризерски салон во Бостон, кој објаснува:

Со осветлување и фрлање сенка на одредени делови од косата може да се направи илузија на поинаков изглед на лицето, во зависност од тоа што сакате да нагласите.

На пример, ако некој има долгнавесто лице, посветлите прамени покрај работ на лицето можат да дадат впечаток на ширина, додека жените со поизразена вилица би требало да имаат посветли прамени на темето, а потемни покрај вилицата.

За високо чело, идеални се прамените омбре кои фрлаат фокус на долниот дел од лицето, додека за широко лице, добро би било прамените покрај неговите рабови да бидат потемни.“

7 фризури кои се тотален АУТ во 2020: Повеќе никој не ја носи косата вака! (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.