Инфлуенсерката Тамара Калиниќ има нова хит-фризура: Им прилега на сите генерации, а и подмладува!

Коса

Блогерката ја покажа новата фризура на модната недела во Милано.

Модната блогерка Тамара Калиниќ направи вистинска промена на имиџот откако ја скрати косата во краток боб.

Тамара моментално се наоѓа на модната недела во Милано каде што ја покажа новата фризура. Станува збор за кратка боб-фризура која прилега на ссите возрасти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Kalinic (@tamara)

Краткиот боб ја стекна популарноста во 1980-тите години, кога се носеше со шишки. Меѓутоа, тогаш краевите се носеа кон лицето, додека косата беше свиленкаста и исправена.

Денеска, боб-фризурата се носи на поинаков начин. Краевите се рамни, додека косата е брановита, како да е само исушена по миење.

Како и да е, нема да згрешите ако оваа есен се потстрижите како Тамара Калиниќ. Освен што ваквата фризура ѝ прилега речиси на секоја дама, таа е лесна и кога стаува збор за одржувањето. Стилистите често умеат да кажат дека токму оваа фризура од лицето „симнува“ дури до 10 години!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време