Совет за совршена коса: Користете различни четки за чешлање

За блескава и бујна коса

Доколку сакате вашата коса секогаш да изгледа совршено, ви треба повеќе од една четка

Косата е олицетворение на нашата убавина и женственост, но многумина не знаат дека важен е изборот на четки за чешлање. Ако мислите дека доволно ви е една четка, сте се излажале.

Четка за чешлање по миењето на косата

Косата најмногу се крши кога ја чешлате веднаш по миењето, па затоа користете четка со ретки запци која нема да ја оштети. Тие нежно минуваат низ мократа коса и се основа за совршена фризура и здрава коса.

Голема четка за фенирање

За да ја стилизирате косата со фен, најдобра е големата четка за фенирање која ѝ дава волумен на косата.

Голема четка

За крај, најдобро е да ја расчешлате косата со голема четка со широки запци која ќе го масира вашето теме и ќе ѝ даде природен изглед на косата.

Важно е редовно да го чистите вашиот сет за чешлање, бидејќи четките кои не се добро исчистени влијаат на брзото мастење на косата.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време