Шампон од 4 состојки што ја негува слабата и оштетена коса: Фризерите тврдат дека го поттикнува растот на нови влакна

Проверено

Доколку имате проблем со опаѓање на косата, фризерите препорачуваат да го пробате овој домашен шампон од 4 состојки

Со промената на годишното време, нашата коса реагира така што слабее и опаѓа во прамени. Ги прашавме фризерите што да правиме во врска со тоа и еве кој совет го добивме.

Многу клиенти од искуство им кажувале дека користат обичен шампон од коприва во којшто ги додаваат овие 4 состојки:

  • шишенце АД капки
  • 100 мл течен пантенол
  • 50 мл рицинусово масло
  • 30 мл капки од коприва

Сите наведени состојки се сипуваат во 750 мл шампон од коприва, добро се протресуваат и со тој состав се мие косата.

По еден месец би требало да забележите промени на косата.

Инаку, нашите мајки и баби ја миеле косата со чај од коприва. Освен што косата побрзо им растела, таа била и значително посјајна и поздрава.

Се верува дека и маслиновото масло може да придонесе за подобра нега на косата, па се препорачува косата и темето да ги намачкате со чисто маслиново масло, барем еден час по миењето.

Ако навистина сакате да ја подобрите состојбата на целиот организам, па и на косата, се препорачува да пиете витамини, особено рибино масло, што често може да се најде во форма на капсули.

Рецепт за домашен шампон од познат фризер: Длабински чисти, хидрира и ја обновува оштетената коса!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.