Ретро фризурата од 1960-те повторно е во мода: Се прави за миг, а еве како ја носат Ким Кардашијан и Џеј Ло! (ВИДЕО)

Омилена е меѓу трендсетерките

Ако ви здодеала едната иста фризура што секојдневно ја повторувате, не би било лошо да ја испробате оваа заборавена ретро фризура која се врати во мода

Славните убавици не можеле да ѝ одолеат, а кога ќе видите колку едноставно се прави, и вие ќе ја засакате.

Не е тајна дека боб е кралицата на сите фризури, но кога станува збор за стилизирање на косата, изминативемесеци се провлече една заборавена фризура која никој не ја очекуваше.

Натапираната коса со нанадвор навиткани врвови одеднаш го преплави Инстаграмот, а сето тоа благодарение на славните трендсетерки кои ја вратија во мода.

https://www.instagram.com/p/B8eK2RfjYMi/?utm_source=ig_embed

Ким Кардашијан, Дуа Липа и Џенифер Лопез се само некои од славните убавици кои ја вратија оваа ретро-фризура која била популарна во 1960-те години.

https://www.instagram.com/p/CFxVKwMgDU4/?utm_source=ig_embed

Некогаш оваа фризура ја негуваа тогаш омилените холивудски актерки кои биле инспирација и пример за жените ширум светот, а ни денес ситуацијата не е многу поразлична.

Откако Џеј Ло, Ким Кардашијан, Кајли Џенер, Дуа Липа и Оливија Кулпо објавиле фотографии на Инстаграм на кои позираат со оваа фризура, многу жени ширум светот посакаа да го сторат истото.

https://www.instagram.com/p/CFK2YrcBoSN/?utm_source=ig_embed

Многу е лесно да се направи оваа фризура, а сѐ што ви треба е тенка пегла посебно направена за виткање коса, неколку шнолички, лак за коса и чешел.

https://www.instagram.com/p/CFFjCjlBiAk/?utm_source=ig_embed

1. Исчешлајте ја чистата коса, па со помош на чешел натапирајте го горниот дел на косата.

2. Користејќи пегла за коса, навиткајте ги врвовите на косата.

3. Секој прамен по виткањето прицврстете го со шнола како што е прикажано во видеото.

4. Со лак за коса попрскајте ги навитканите врвови и оставете ја косата така барем 20 минути.

5. Извадете ги шноличките и исчешлајте ги врвовите.

6. Кркмите можете да ги закачите зад уво и да ставите кул венче или едноставно да го зачините изгледот со големи бисерни обетки.

Овој тренд на бојадисување на косата се прошири низ Инстаграм и е нов хит
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.