Решение за третман при опаѓање на косата

Во последно време забележувате поголем број влакна на четката за коса?

Ако губите по околу 100 влакна на ден, нема потреба за грижи, но ако забележите дека косата ви опаѓа во поголем обем, а влакното станува потенко и поретко, време е да преземете нешто.

Природниот циклус на опаѓање на влакното може да биде нарушен од различни причини, како што се: стрес, хормонална нерамнотежа, лоша исхрана, агресивни третмани, трајни фризури, употреба на лекови, медицинска состојба. Притоа, особено е важно да ги утврдите причините и навремено да реагирате.

Добрата вест е што дифузното опаѓање (состојба во која косата опаѓа рамномерно низ целата глава) е реверзибилно. За третман при дифузно опаѓање и тенка коса, решението е „Парусан“ – германска линија на производи за жени, сочинета од шампон и тоник. За максимални резултати, се препорачува нивна комбинирана употреба.

По три месеци редовна употреба на двата производа можете да се уверите во првите позитивни резултати. Клинички докажано!

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време