Природни третмани за коса: Како да се решите од испуканите врвови?

Нега на коса

Split Ends Treatment. Brunette Lady Spraying Detangling Spray On Hair Moisturizing Dry Ends Standing In Modern Bathroom At Home, Wearing Bathrobe. Haircare Cosmetics And Beauty Routine Concept

Конечно се ишишавте: испуканите краеви на косата исчезнаа. Но, овој сон, како и на сите други, кратко трае. Што да направите? Пробајте ги овие DIY третмани за коса.

Додека ги употребувате феновите, четките за коса, ја бојадисувате косата, живеете во загадена градска средина, испуканите врвови на косата се вашата реалност. Единствено нешто што можете да направите е да ја негувате косата на вистински начин.

Ви предлагаме начини како да ги покриете испуканите врвови и да го намалите оштетувањето на косата, помеѓу две посети во фризерски салон. Најдобро е што комплетната нега на косата можете да ја направите во домашни услови, дури ви се потребни и поголемиот дел од средствата.

Испукани врвови на косата: Рецепти за DIY третмани кои го решаваат проблемот

Хидратантен третман со кокосово масло

Потребно е: кокосово масло

Кокосовото масло има свои предности: го третира првутот, го намалува губењето на протеинот од косата, ги негува испуканите врвови. Нема веднаш да ја поврати здравата коса, но ќе ви даде исклучителен сјај.

Добро измијте ја косата и исушете ја со шампон. Потоа земете го маслото и нанесете од врвот, па се до средината на косата. Никако немојте да го нанесувате на коренот, ја ризикувате појавата од масна коса. Расчешлајте ја косата, ставете пластична фолија и чекајте 30 минути. Откако ќе истече времето, вратете се под туш, измијте ја косата, па потоа два пати поминете со шампонот. Повторувајте го ова еднаш на две недели.

Хранлива маска од авокадо

Потребно е: авокадо, јајце и маслиново масло

Маската за коса богата со хранливи материи кога ги ублажува прамените би требало да биде одлично решение за испуканите врвови на косата. Оваа маска содржи масни киселини, како и витамин Е и К кои имаат за цел да ја омекнат, хидрираат, поправат и заштитат косата.

Прво изгмечете го авокадото и исмешајте го јајцето. Додадете маслиново масло (две до три капки). Смесата би требало да биде малку погуста од регенераторот. Нанесете на косата (со фокус на врвовите), оставете да делува 10 до 20 минути, па потоа добро измијте ја косата со топла вода.

Третман со природно масло

Потребно е: арганово или бадемово масло

Никогаш не ја потценувајте моќта на природното масло за коса. И за сега, сите најдобри зборови за бадемовото или аргановото масло. Овие масла ќе ја нахранат вашата коса и ќе ги обноват испуканите врвови.

Доволно е само неколку капки да ставите на дланка и да нанесете на краевите, претходно измиени и со пешкир внимателно исушени. Не ја мијте косата.

Маска од рибино масло за обновување на косата

Потребно е: Рибино масло, кокосово масло и лаванда

Иако рибиното масло обично не е вистински избор кога се во прашање третманите за коса, бидејќи има и подобри мириси од него, сепак и тоа како може да биде спас за многу оштетената коса. Богата со масни киселини кои се наоѓаат во рибиното масло ги зацврстуваат прамените, поттикнуваат циркулација во кожата на главата и доведуваат до раст на косата.

За да ја направите оваа смеса измешајте две капсули од рибино масло со лажица кокосово масло и малку лаванда. Загрејте ја смесата на ниска температура. После пет минути, истурете го растворот во чинија. Нека се олади до телесната температура, па нанесете на косата. Соберете ја косата во пешкир или пластична фолија и оставете да отстои 40 минути. После тоа измијте ја.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.