Прекрасни и лесни за одржување: Топ 5 фризури за есен 2018

Ќе ви треба малку труд за совршено стилизирана коса

Мислите дека е невозможно? Ќе ве увериме во спротивното!

Есента е идеален период за промени во формата и должината на косата. Без разлика дали се работи за кркми или за драматичен рез, есенските трендови нудат по нешто за сечиј стил. Сигурни сме дека следниве фотографии ќе ви послужат како инспирација…

Опуштени бранови

Посебно виткајте го секој прамен и тргнете ја косата од лице за да добиете полна структура. Задолжително исчешлајте ги брановите и ќе имате истовремено опуштена и стилизирана коса.

Залижана коса

I’ve out-captioned myself, I won’t be able to live up to the last one

A post shared by Zendaya (@zendaya) on

Оваа фризура повторно се враќа во мода и тоа во првите есенски денови. Секако дека и сами можете да ја направите! Со малку гел за коса, чешел и лак, ќе си направите фризура за некој гламурозен настан.

Паж фризура

Energy doesn’t lie so trust those vibes you’re getting

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Ако сте подготвени за голем чекор и сакате да привлечете внимание, боб фризурата ќе биде најпаметната опција и оваа есен. Погледнете ја Ким Кардашијан. Таа изгледа модерно и кул. Зарем ви треба нешто повеќе од тоа?!

Диви кадрици

A post shared by Ciara (@ciara) on

Природно кадравата коса која изгледа диво и нескротливо секогаш ќе биде во мода. Доколку сакате да бидете модерни есенва, стилизирајте ја исто како Сијара.

Тенки кркми

On my way …..

A post shared by irinashayk (@irinashayk) on

Овие лесни кркми нека бидат првиот чекор кон промената на вашиот изглед. Клучот лежи во лежерноста, бидејќи никој не сака постојано да проверува дали секое влакно е на своето место.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време