Пред да се одлучите за бакарна или црвена боја на коса, внимателно проучете ги овие факти

Прекрасните нијанси на бакар и црвена коса доживеаја „бум“ во последните неколку години. Жените со оваа боја на коса отсекогаш се сметале за огнени и слободни, но и покрај тоа, на голем број жени сè уште им е тешко да одлучат за бојата на косата во такви нијанси.

Што треба да знаете за бакарни и црвени нијанси на коса?

Косата во бакарни нијанси изгледа убаво, но постојат низа причини зошто жените ја избегнуваат. Како прво, косата во бакарни или црвеникави тонови бара поголема грижа и посета на фризер, ова особено ќе го забележите ако имате екстремно светла коса што сте ја обоиле во бакарни нијанси. Бојата се мие малку побрзо од другите нијанси. Покрај тоа, ако вашата коса е потемна од нијансата што сакате да ја добиете, ќе треба да ја осветлите косата, што може да резултира со дехидрирана и кршлива коса. Ако ве привлекува помислата да имате црвена или бакарна коса и се сомневате дека нема да ви одговара, размислете за саканата нијанса. Во зависност од бојата на тенот, очите и веѓите, фризерот може да ве посоветува која нијанса би била идеална за вас. Постои цела палета на бои за коса во бакарни нијанси, затоа е потребно да се консултирате со вашиот фризер пред да донесете одлука. Од светли до пригушени бакарни и црвени нијанси, до повеќе или помалку интензивни, во целата таа палета, веруваме дека секој може да ја најде идеалната бакарна боја за себе.

Како да ја одржувате и да ја чувате косата во бакарни и црвени нијанси?

Како што веќе напишавме, овие бои имаат тенденција да се измиваат побрзо од другите бои, така што треба да бидете подготвени да посетите фризер најмалку еднаш месечно. Исто така, ако треба да ја осветлите косата за да ја добиете посакуваната нијанса, постои можност вашата коса да стане сува и кршлива, така што генерално ќе мора да вложувате повеќе време во маски и нега на коса отколку вообичаено. За среќа, ова не е нерешливо, постојат шампони и маски за обоена коса кои не само што ја штитат бојата од плакнење, туку истовремено ја хранат и треба само да го пронајдете вистинскиот шампон за вашата коса за да уживате во свежа и жива боја што е можно подолго. Дали вашата коса ќе биде оштетена и до кој степен зависи од моменталната состојба на вашата коса, како и од основата на која сакате да ја добиете идеалната бакарна нијанса. Кога се консултирате со фризер, замолете го да објасни сè што треба да знаете за нега на вашата коса и нијанса и да препорача производи што ќе направат вашата коса да изгледа не само огнена, туку и здрава и мека.

И за крај најважното, не обидувајте се да постигнете коса во овие нијанси сами дома, особено ако го правите првото бојадисување во бакарни нијанси. Бакарни и црвени нијанси се многу тешко да се ослободите ако не сте задоволни со резултатот, па оставете го овој чекор на професионалците.

Прочитајте и: Направи сама: 4 ефективни маски што ќе го вратат сјајот на вашата коса

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.