Пред да нанесете шампон на вашата коса, задолжително направете го ОВА

Направете си фризура како да сте излегле од фризерски салон

Фото: Getty Images

Ова е најчестата грешка која ја правиме, затоа косата ни е сува, безживотна и кршлива

Убавата и негувана коса е украс на секоја жена, па важно е да ги знаете триковите на искусните фризери, поради кои на излегување од фризерските салони нашата коса изгледа беспрекорно.

Иако често во домовите имаме квалитетни производи за коса, сепак не успеваме да го постигнеме изгледот кој го добиваме кога нашата коса е во рацете на професионалците.

Па, еве каде сите ние грешиме – нанесуваме премногу шампон за коса и забораваме на една многу важна работа, а тоа е дека истиот би требало да го ставиме само на темето, а никогаш по целата должина на косата.

Фото: Getty Images

Додека ја шампонирате косата, убаво и темелно масирајте ја главата, не заборавајте дека при нанесувањето на шампонот косата треба да е потполно мокра. Шампонот треба да се користи во мали количини и тоа разреден со вода, доколку нанесете поголема количина на шампон можете да ја оштетите косата. Немате потреба да нанесувате шампон по два пати, бидејќи претераното шампонирање може од нас да ги измие и природните маснотии кои ги имаме на темето, па така да се создаде првут или иритација.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.