Поттикнете го растот на косата со правилно чешлање и природни додатоци

Корисни совети

Правилното чешлање ја стимулира циркулацијата и овозможува подобро снабдување со кислород, па затоа косата расте побрзо. Сличен ефект имаат и масажите со маслиново, кокосово масло и масло од јојоба.

Масажата со топло масло е одлична за косата бидејќи ги стимулира фоликулите и го стимулира нејзиниот раст. Најдобар избор се маслиново, кокосово и рицинусово масло и масло од јојоба. Исто така, храната богата со протеини го подобрува квалитетот на косата и го забрзува нејзиниот раст. Се препорачува да јадете јајца, риба, јаткасти плодови, пилешко и црвено месо.

Косата треба да се чешла секој ден најмалку од една минута до две. Ова ќе ја стимулира циркулацијата на скалпот и ќе го подобри снабдувањето со кислород, поради што косата ќе расте побрзо.

Маската од сок од компир помага и во побрз раст на косата. Исцедете сок од два компири, додадете лажица мед и една жолчка и измешајте. Потоа нанесете на косата, оставете да делува половина час и потоа исплакнете.

Уште неколку совети:

  • Освен што го враќа сјајот на косата, јаболковиот оцет го стимулира и нејзиниот раст. Ја отстранува целата нечистотија, што овозможува подобро снабдување со кислород во скалпот, а со тоа и побрз раст на косата.
  • Фолна киселина и биотин имаат корисен ефект врз косата, но се препорачува да се консултирате со лекар пред да ја земете.
  • Шампоните на база на силикон најдобро е да се избегнуваат затоа што ја измазнуваат површината на косата, но го забрзуваат нејзиното пукање. Фенот и пресата за кос делуваат на сличен начин.
  • Се препорачува да се крати косата на секои три месеци за да се отстранат испуканите краеви и да се овозможи нормален раст.

Прочитајте и: 6 фризури што можете да носите и во вежбалница и за свечени пригоди: Лесно се прават, а секому му стојат! (ФОТО)

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.