Пилинг на скалпот за здрава и убава коса

Колку и да е важно да ја одржувате косата здрава и негувана, исто толку е важно да обрнете внимание на скалпот и да направите редовен пилинг за да ја одржите вашата коса здрава.

Пилингот ги отстранува мртвите клетки на кожата, влакната добиваат во обем и делува стимулирачки на нејзиниот раст. Некои козметички брендови нудат производи два во еден – на пример, шампони со морска сол.

Сепак, генијалните експерти за убавина смислија начин како да го направат секој шампон одличен пилинг за скалпот. За да го постигнете ова, само додадете обичен шеќер во шампонот и тоа само една лажица. Измешајте го шеќерот со шампонот на дланките и нанесете го на коренот на косата, креирајте пена, измијте со вода и ставете го омилениот регенератор за коса.

Застапниците на овој метод тврдат дека овој начин на миење на косата е вистински „спа третман“. Во исто време, косата станува помека и обемна, а хранливите материи од мелемот влијаат многу поефикасно на влакната на косата.

Прочитајте и: Направи сама: Банана и кокосово масло за сјај на косата

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.