Овој витамин е клучен за здрава и за сјајна коса: Ја обновува од коренот до врвовите!

Правила на добра нега

Фото: Getty Images

Штом почнете да го користите овој витамин, ќе забележите драстична промена во изгледот на косата

Маслата за коса го зајакнуваат и негуваат скалпот, а особено корисно е маслото со витамин Е.

Витаминот Е е антиоксиданс што се топи во масти, па затоа може да ги неутрализира слободните радикали во кожата, косата и телото.

„Витаминот Е стекна голема популарност поради својата способност да ја претвори сувата коса во побујна и посјајна. Се верува дека витаминот Е може да го намали опаѓањето на косата, да го подобри здравјето на самото теме и циркулацијата, како и да ѝ даде сјај на косата“, открил славниот стилист Ник Стенсон.

Бројни истражувања ги потврдуваат многуте предности на витаминот Е.

Некои истражувања тврдат дека витаминот Е може да ја подобри целокупната циркулација на телото. Циркулацијата исто така е поврзана со здравиот раст на косата. Па така, многу експерти за коса заклучуваат дека со примена на витамин Е ќе ја поттикнете циркулацијата на темето.

Тој создава заштитен слој на површината на кожата на главата, што ѝ помага да остане хидрирана и ги спречува лојните жлезди да претераат со производството на себум. Овој витамин е корисен и за спречување на расцветувањето на врвовите.

„Се користи едноставно така што се нанесува на косата и на темето, рамномерно се распоредува и се остава да отстои на косата 10-15 минути пред да нанесете шампон и нормално да ја измиете косата“, вели Стенсон и додава дека маслото со витамин Е е одлично за која било коса што е природно сува.

Косата може да се негува со витамин Е однадвор, но и однатре со редовно консумирање намирници богати со овој витамин, бидејќи така ќе ги исхранувате клетките на влакната однатре. На тој начин ќе обезбедите доволно материјал за правилен, брз раст на косата и намалени можности за нејзино претерано опаѓање.

Спречете го кршењето на косата со помош на овие 6 совети
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.