Оваа пролет кркмите се вратија во мода: На ред е овој најнов тренд што претходно не беше пожелен!

Ова е новата трендовска фризура

Посебно се однесува на дамите што имаат кадрава коса

Најпожелниот тренд последниве месеци се кркмите. Меѓутоа, сега овој тренд има најнова варијанта. Овој пат на ред е нешто поинакво и понеобично – кадрави кркми!

Ако сте меѓу дамите кои имаат кадрава коса, веројатно досега повеќепати сте чуле како кадрава коса и кркми никако не одат заедно, но сега токму со таква фризура станале многу пожелни.

Она што е најдобро кај овие кркми е тоа што многу лесно се стилизираат. Секоја дама која барем еднаш имала кркми сигурно многу добро знае како изгледа тоа кога кркмите се непослушни. Во тие моменти тие не ни се многу омилени, што им дава голема предност на кадравите кркми кои секогаш одлично паѓаат.

View this post on Instagram

💛

A post shared by YoE (Joey With A Y) (@yoe.apolinario) on

Меѓутоа, кај кратењето на кркмите на кадрава коса треба да бидете многу внимателни. Пожелно е да ги кратите на сува коса за да не ви бидат прекратки. Освен тоа, горниот слој треба да остане малку подолг за кадриците да ја задржат својата брановидност и живост.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време