Ова се најпопуларните фризури за пролетта 2021
Со доаѓањето на пролетта, време е да ги анализираме трендовите пред нас кога станува збор за косата.
Секако, тоа не значи дека треба да ја промените вашата фризура, која ја сакате и која добро ви одговара, но ако во последно време размислувавте за промена, веруваме дека овој избор на фризура може да ве инспирира. Ако не сте баш сигурни што ви одговара, еве водич за фризури според формата на лицето.
Оваа пролет, според сите сметки, фокусот е ставен на пократката коса, како што покажа статистиката на Гугл, која открива дека кратката коса во моментов е најбараниот израз ширум светот. Покрај тоа, експертите најавуваат дека колективно се вративме на природниот изглед, па затоа фризурите како шармантна пикси ќе бидат омилен избор за многумина. „Shag“-фризурите се исто така доста популарни, во пократка верзија и верзија до рамената, што неодоливо потсетува на седумдесеттите години. Косата во степени ќе обезбеди многу волумен, додека „cutain“ (завеса) шишките сепак ќе останат со нас како еден од најголемите трендови на коса. Најдоброто нешто во врска со овие долги шишки е тоа што се одржуваат многу лесно, а доколку е потребно може и да се отстранат од лицето бидејќи се доволно долги. Боб-фризурата останува релевантна по својата поостра, неуредна варијанта, но тренд е и „француската“ боб-фризура, која се карактеризира со должина до коската на вилицата.
Најпопуларните фризури за пролетта 2021 година
Пикси
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Боб-фризура
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Shag-фризура
View this post on Instagram
Curtain шишки
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Степенасто и слоевито
View this post on Instagram
Кратка коса
View this post on Instagram
Прочитајте и: Совршено стилизирана коса без употреба на фен за коса
ФОТО: Unsplash, Instagram