Одлични фризури за жените во 40-тите години: Ќе ве подмладат!

Одберете ја најубавата!

Не мора драстично да ја кратите косата

Точно е дека кратката коса визуелно ги намалува годините, но дефинитивно не важи како строго правило. Ако сте ја поминале 40-тата година, не мора драстично да ја кратите косата за да изгледате помладо!

Ви претставуваме топ 4 фризури кои најмногу ги подмладуваат жените: две за долга и две за пократка коса, па сами одберете која најмногу ви се допаѓа според вкусот и формата на лицето.

Лоб со „завеса“ кркми

https://www.instagram.com/p/Bf0tjKGHJpP/?utm_source=ig_embed

Овој тип кркми малку се шири во страна и идеален е за жени со високо чело. Освен што ќе го тргне погледот од челото, ваквата фризура делува освежувачки на лицето и му дава „помек“ израз.

На жените со густа коса одлично им стои лоб или подолг боб, но оваа фризура може да ја носат и жени со поретка коса. Но во тој случај, важно е да создадете природен волумен. Доволно е да направите неколку бранови во косата, додека остатокот од косата не би требало да биде премногу залепен за челото.

Префинети бранови со средна должина

Само еден поглед на дамата со огнена коса Џулиен Мур (58) говори илјада зборови. Оваа жена навистина изгледа одлично, но ни во зрелите години не се откажува од долгата коса, поради што ја заслужува сета наша почит.

Таа точно знае како да ги носи брановите на нејзиниот тип коса. Важно е да имате малку навиткана коса, а не големи нескротливи кадрици. Оваа фризура е одлична за жените со тркалезно лице, кои и така имаат природни бранови.

Колку е косата подолга, толку полежерен ќе биде впечатокот. Пред да решите да пуштите полудолга коса и да ја стилизирате со бранови, советувајте се со фризер. Ако се покаже дека брановите брзо ќе ви паднат и ќе ви се исправат, а косата ќе изгуби волумен, подобро е да одберете некоја друга фризура. Сепак, навитканата коса е таа што дава подмладувачки ефект, а ако падне, само ќе изгледа неуредно.

Неуреден боб

https://www.instagram.com/p/Bia_knsn8j2/?utm_source=ig_embed

Идеален е за жените кои имаат нескротлива, непослушна, но цврста коса. Поентата на оваа фризура е да ви остане фризурата каква што е без разлика каков потег направите со раката (дали ќе поминете со прстите низ косата, ќе наместите прамена на една страна, ќе ја разбушавите…).

Мила Јововиќ е одличен пример за оваа фризура. Нејзиниот боб со патец на страна секогаш изгледа беспрекорно и истовремено остава впечаток на немарност, но на добар начин, не е неуреден. Пред да се одлучите за оваа фризура, знајте дека ќе имате многу работа околу стилизирањето, а нејзиното потстрижување еднаш месечно е непишано правило.

Пикси

https://www.instagram.com/p/Bp25J-GnjYK/?utm_source=ig_embed

Конечно дојдоа на ред и љубителките на кратка коса! Иако оваа фризура сама по себе изгледа по малку детски, жените со ваква фризура, како што е Кејти Пери, ги рушат сите стереотипи. Фризурата пикси бара сериозно одржување. Потребно е да одите на фризер по еднаш на неколку недели. Најдобро им стои на жените со слабо и изразено лице!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.