Никогаш не би ви паднало на памет: Еве зошто косата ви се крши и изгледа лошо

Некогаш не сте претпоставиле дека ова ја оштетува косата!

Разни фактори влијаат врз здравјето и изгледот на косата

Жените кои имаат проблем со оштетена и испукана коса се обидуваа да ја вратат во нормална со разни препарати, но некогаш ни тоа не помага.

Освен што е многу важно кои производи ги користите и колку често користите жешки апарати за стилизирање на косата, постојат и разни секојдневни фактори што можат да влијаат врз нејзиниот квалитет.

Според експертите, големите слушалки за уши може да предизвикаат значително оштетување на косата.

Имено, предимензионираните слушалки за уши создаваат триење кое се случува кога одите, бидејќи слушалките со секој чекор ја притискаат вашата глава и коса, која поради тоа се крши и станува сува, истакнува Кастилјо, фризерот за славни личности.

За да го одбегнете тоа, Кастилјо советува добро да ја исчешлате косата и да ја врзете во што поцврсто опавче пред да ги ставите слушалките, за да се намали нивното влијание.

Сепак, како идеално решение Кастилјо препорачува мали слушалки кои се ставаат во уши, за да можете да слушате музика без да мислите на косата.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време