Ни таа не му одолеала на новиот тренд: Моника Белучи драстично го променила имиџот!

Феноменално изгледа!

Сите ги изненадила со новиот изглед, но мора да признаеме дека изгледа одлично

Холивудската убавица на една ревија се појавила со потполно нов имиџ.

Нејзиниот моден избор овој пат останал во сенка на новата фризура. Белото одело во комбинација со црна проѕирна кошула паднало во втор план, поради новото смело издание на актерката.

Ниту таа не успеала да му одолее на новиот тренд кога се фризурите во прашање. Наместо долгите бранови по кои е препознатлива, таа одлучила драстично да ја скрати косата и да го носи популарниот боб.

https://www.instagram.com/p/B2uPmvrCIFI/?utm_source=ig_embed

За оваа промена заслужен е фризерот Џон Нолет, кој е задолжен за косата на многу познати дами.

Моника Белучи е најдобриот и најубавиот доказ дека понекогаш се исплати да се ризикува и да се проба фризурата за која долго време сонувате.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.