Ни најдобрите фризери не можеле да ја спречат катастрофата: Препознатливата фризура на Меланија потполно уништена!

Погрешен избор!

ФОТО: Profimedia

Во Северна Каролина ја дочекало многу ветровитo време

Меланија Трамп отпатувала во Северна Каролина во друштво на Карен Пенс, сопругата на американскиот потпретседател на САД, Мајк Пенс.

Првата и втората дама на САД стигнале во оваа американска држава за да ја посетат воената база Форт Брег. Притоа, го посетиле и училиштето Албритон кое се наоѓа во оваа база и се дружеле со војниците и нивните семејства.

Сосема очекувано, во прв план била Меланија која во Северна Каролина стигнала во едноставна комбинација, составена од беж панталони со класичен крој, светлосива јакна и потпетици со животински дезен.

ФОТО: AP / Chuck Burton

Оние кои ја виделе во воената база, најверојатно не му нашле никаква мана на нејзиниот изглед, но пред доаѓањето во Форт Брег, Меланија доживеала мала модна незгода.

Со оглед на тоа што во Северна Каролина ја дочекало многу ветровито време, првата дама не можела да ги одбегне проблемите со косата.

Нејзината фризура се распаднала веднаш по излегувањето од авионот, поради силниот ветар.

ФОТО: AP / Chuck Burton

Ни најдобрите фризери со најсилните средства за обликување и зацврстување на косата не би можеле да ја спречат оваа незгода, која можела да се одбегне само со поинаков избор на фризура, како на пример цврста пунџа наместо распуштена коса.

Меѓутоа, Меланија немала причина за грижа, бидејќи нејзините стилисти и’ ја поправиле фризурата пред дружењето во базата, па првата дама сепак изгледала беспрекорно.

ФОТО: AP / Chuck Burton
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.