Несвесно ги правите овие 4 катастрофални грешки со косата: Затоа изгледате постаро одошто сте!

Внимавајте на ова!

Прочитајте кои се најчестите грешки со косата

Стареењето е сосема природно и нормално, но многу жени несвесно прават одредени грешки со фризурата поради што изгледаат постаро одошто навистина се.

Без разлика колку редовно одите на фризер и ја негувате косата, некогаш несвесно правите грешки со фризурата што ја оштетуваат косата.

Предолга коса

Сите жени сакаат долга коса, но на одредена возраст, таа едноставно не стои убаво. Всушност, повеќе изгледа неуредно, бидејќи структурата на косата е кршлива, а влакното тенко.

Од друга страна, ако негувате коса до рамена, долг боб (свиленкава коса или сјаен боб) ќе изгледате помладо.

Претемна боја на коса

Темната коса е модерна, заводлива и убаво ја рефлектира сончевата светлина. Меѓутоа, доколку жената има светол тен, тогаш црната или темнокафеава коса може да изгледа нездраво и да додаде години.

Ако не сте сигурни која боја на коса одговара на вашиот тен, побарајте совет од вашиот фризер.

Премалку волумен во косата

Ако имате сплескана коса, ќе изгледа како некој да ја залепил на вашата глава. Не е тоа воопшто убаво зар не? Освен тоа, ќе изгледате постаро одошто сте.

Па затоа, би требало да користите малку спреј за волумен или да стилизирате благо брановите коса. Така ќе изгледа оптички погуста и поздрава.

Претерана нега

Верувале или не, премногу нега може да и’ наштети на вашата коса. Понекогаш помалку навистина е повеќе. Користењето хидратантен шампон со регенератор е доволно за ретка коса.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.