Не е она на што навикнавме: Џенифер Анистон покажа како всушност изгледа нејзината коса и со што ја негува

Тајните на познатите

Омилената актерка од „Пријатели“, Џенифер Анистон на својот инстаграм-профил ја покажа својата природна коса.

Познатата актерка која обожаваме да ја гледаме во комедиите и во култната серија „Пријатели“, Џенифер Анистон ги изненади обожавателите со видео во кое покажа како изгледа нејзината природна коса.

Џенифер, на која испегланата и рамна фризура ѝ е заштитен знак, на својот инстаграм-профил сподели видео во кое покажува како ја негува својата природна кадрава коса по бањање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

Тајната на нејзината бујна коса е нанесување на мокра коса масло од нејзиниот бренд Lolavie, кое им дава волумен на нејзините кадрици, а потоа ја остава косата природно да ѝ се исуши, без фен.

Маслото обезбедува „трансформација на изгледот – здодевна, оштетена и сува коса“, а чини 32 долари.

Пријателите, колегите и обожавателите, како и секогаш, ѝ оставија премногу коментари и комплименти на сметка на нејзиниот изглед.

Преубава си со кадрава коса“, „Ги обожавам овие бранови“, „Најубава жена на планетата“, се само некои од прекрасните коментари кој Џенифер ги добиваше.

Педесет и тригодишната актерка не се срами да го покаже природниот изглед без шминка поради што фановите ја сакаат уште повеќе. Својата линија на производи за нега на косата ја почна во 2021 година, а изгледа одлично ѝ оди земајќи предвид дека асортиманот го проширува.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.