Направете сами совршена летна фризура: За неколку минути ќе бидете подготвени за секоја прилика

Ќе бидете воодушевени од тоа колку лесно се прави

Наместо да правите високо опавче или едноставна плетенка, ви предлагаме нешто малку поинакво

Сите жени знаат колкав проблем може да биде долгата коса. Само што сте ја измиле и исфенирале, излегувате надвор на жештините и маката почнува. Топло ви е, се потите, а уште потешко е ако имате кадрава коса.

Наместо во овие момент да врзувате високо опавче или едноставна плетенка, ви предлагаме нешто малку поинакво.

Научете како сами да го направите овој венец од плетенки кој ќе можете да го носите од утро до вечер во секоја прилика. Можеби ќе ви делува комплицирано, но ќе забележите дека всушност се прави многу едноставно, лесно и брзо.

Сè што ви треба за оваа идеална летна фризура се две гумички за коса и неколку шноли. Доколку сакате да ја направите оваа фризура за малку посвечена прилика, само додајте по некое цветче или панделка и вашата совршена фризура е готова!

Погледнете го видеото за да дознаете подетално како да ја направите оваа прекрасна летна фризура…

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време