Напивка што ја враќа природната боја на косата: За 40 дена кажете и’ збогум на седата коса

Еликсир на здравје и убавина

ФОТО: Shutterstock

Седата коса не е само естетски проблем, таа е и одраз на животниот стил

Дали сте знаеле дека можете да ја забавите појавата на седа коса и да си ја вратите природната боја?

Научниците тврдат дека причинител на седа коса е забавувањето на матичните клетки, односно доаѓа до застој во производството на меланинот што се наоѓа во фоликулите. Во зависност од вашите генетски предиспозиции, клетките со текот на времето почнуваат да произведуваат се’ помалку и помалку пигменти што на крајот резултира со седа коса.

Традиционалната кинеска медицина тврди дека корените се кријат во здравјето на крвта и бубрезите. Поради тоа се препорачува да се одбегнуваат млечни производи, месо и сол.

Ако сте обелеле предвреме, тоа може да укажува на нарушена функција на штитната жлезда, недостиг на витамин Б5, Б6 и Б12, или на анемија. Недостигот на овие витамини може да укаже на голем број бактерии во цревата.

Недостигот на витамин А, цинк и бакар може да предизвика пад на имунитетот, слабеење на крвта, а во некои случаи и мозочен удар.

Поради тоа, се препорачува редовно да консумирате сок од пченична трева кој има многу здравствени придобивки.

  • Ја прочистува крвта
  • Ја регенерира кожата и и’ го враќа сјајот
  • На косата и’ ја враќа природната боја и го спречува обелувањето на влакната

Рецепт за сок од пченична трева

Состојки:

  • 30 милилитри сок од пченична трева
  • чаша исечкано овошје по избор (киви, јаболка, цреши)
  • чаша сок од лимон
  • лажичка мед
  • малку вода

Примена:

Ставете ги сите состојки во блендер, па пијте го овој сок два пати дневно.

Ист ефект има и смесата против седа коса што се зема во период од 40 дена (3 пати на ден, половина час пред оброк).

Потребни состојки:

  • 1 килограм домашен мед
  • 200 грама ленено семе
  • 3 чешниња лук
  • 4 големи лимони

Примена:

Исчистете го лимонот од кората и ставете го во блендер. Сомелете го лененот семе, па додајте го во лимонот. Исчистете го лукот и ставете го во блендер, па сето тоа сомелете го. Во оваа смеса додајте мед, па измешајте го сето тоа. Префрлете ја смесата во тегла и земајте 3 пати дневно по 1 лажичка во период од 40 дена.

Освен што на косата ќе и’ ја вратите природната боја, ќе си го подобрите и имунитетот. За да делува смесата како што треба, немојте да консумирате алкохол и цигари.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.