Наоми Кемпбел без перика: Ја покажала речиси ќелавата глава! (ФОТО)

Храбро!

Досега ја гледавме манекенката со перики и капи кои ѝ ја кријат ретката коса

Супермоделката од Велика Британија објавила фотографија на социјалните мрежи на која ја покажала својата природна коса.

48-годишната Наоми Кемпбел обично ја гледаме со перики или капи, но сега одлучила на своите обожаватели да им покаже сè.

Минатата година, манекенката јавно зборувала како за малку ќе останела без коса поради честото користење екстензии, плетенки и виткање на косата.

Жените кои на овој начин ја мачат својата коса може да добијат централна центрифугална цикатрицијална алопеција, која честопати знае да биде трајна.

За среќа, Наоми нагласила дека нејзината коса полека почнала да се обновува откако ѝ дала време да заздрави.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време