Најпопуларните фризури за лето 2023: разиграни, гламурозни и со многу волумен

*Освежувањето на постоечката фризура е најголемиот тренд за убавина, без разлика дали тоа е само суптилна промена или дали ќе се одлучиме за драматична фризура.

*Волуменот е еден од водечките принципи, па затоа се добредојдени сите фризури кои го извлекуваат максимумот од косата, без разлика колку е долга, густа, брановидна или права.
*Социјалните мрежи ни послужија повеќе од доволно различни и шик опции, а ова се дефинитивно најпопуларните

Како со стил да ги дочекате првите летни денови? Ако ги прашате експертите за убавина, оваа година се работи за промена на фризурата, без разлика дали тоа е само суптилна промена во форма на различна разделба или должина или пак ќе се одлучиме за драматична фризура. И без разлика каква естетика претпочитаа, социјалните мрежи ни послужија повеќе од доволно различни и шик опции. Ова се дефинитивно најпопуларните со кои не можеме да погрешиме ова лето!

Без разлика дали сме инспирирани од огромната фризура со фенирање која ја паметиме по Синди Крафорд или луксузните слоеви на Памела Андерсон, волуменот што беше задолжителен во 90-тите е најголемиот тренд за ова лето. Волуменското фенирање е всушност класика која никогаш не излегува од мода и нема ништо што ја зголемува самодовербата повеќе од волуменот на косата. Токму каква варијанта да избереме зависи од нас, а гореспоменатите убавици и една од најголемите стилски икони на сите времиња, Брижит Бардо, се најдобрата инспирација.

Глам рок фризура

Фризури како оние кои беа мега популарни во 70-тите, полни со диви и нескротливи локни, со неизбежна доза на глам-рок дух, ќе доминираат во месеците што следуваат. Од пократки фризури до завеси со шишки, сите варијанти се добредојдени, а како инспирација можеме да го искористиме секој лик од популарната серија ‘Daisy Jones & the Six’ во која сите имаат неверојатни фризури. Најдобриот дел? Секоја од овие фризури се сведува на природно сушење на воздух и нашите природни бранови и текстура.

XS фудбалер

Никој не очекуваше враќање на фудбалерите, но тие се вратија, и се попопуларни од било кога! Пети Смит и Дејвид Боуви одамна ги прославија овие фризури, а во последните години ги прифатија многумина, од Тејлор Расел до Ријана. За да бидеме сигурни дека ќе ја избереме опцијата која најмногу ќе одговара на нашите црти на лицето, најдобро е да се консултираме со фризер кој ќе може да ја препознае точната должина и слоевитоста што ќе ни одговара, а секогаш се препорачува да си заминеме подолги прамени на места кои би сакале да ги издолжиме, како што се вратот и во близина на ушите, бидејќи тоа ќе додаде нежност на фризурата и ќе ја омекне линијата на јаготките и вилицата.

Невешта пунџа
Пунџите често не преплашуваат бидејќи имаме впечаток дека бараат многу труд, но добрата вест е дека најпопуларните се оние кои всушност бараат најмалку труд. Доволно е да ја соберете косата во опашка, да ја одделите на два дела и потоа да ги врзете во јазол и потоа дополнително да ја зацврстите по желба. Единствено правило е што понеуредно толку подобро.

Полирано совршенство
Здравата коса е речиси задолжителна за да имате добра фризура, а луксузниот, здрав сјај кој особено шармантно ќе изгледа на сините и брондните (сино-кафеави) нијанси е хит ова лето. Рози Хантингтон-Вајтли е совршен пример за мазна, здрава и беспрекорна коса која привлекува внимание со својата густина, тежина и сјај. Трикот е да се грижите за вашата коса најдобро што можете, редовно да нанесувате серуми и да спиете на свилена навлака за перница за секогаш да изгледа мазно и сјајно без многу напор. Освен тоа, најдобри сојузници на оваа фризура се спрејот за сјај и четката при рака за да ја освежиме во миг каде и да сме.

Тап Боб
Фризурата која Хејли Бибер ја сака и ја носи во последно време е апсолутен хит, како и се друго што таа ја става. Модерен, тап боб има униформа должина и достигнува до линијата на вилицата, и без разлика дали имате тенка или густа коса, ќе одговара на апсолутно сите и ќе ја минимизира маката при стајлингот. Сè што треба да направиме е да ја сместиме косата зад ушите додека се суши за да додадеме неколку природни меки бранови и подготвени сме да го поминеме летото!

 

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.