Најголемата грешка што жените во 40-тите години ја прават со косата!

Лошата фризура може да го уништи изгледот

Бидете дама што блеска во најдобрите години, а не жена што изгледа како да остарела предвреме

Кога станува збор за косата, сите дами се по малку несигурни, неодлучни и ретко прифаќаат ризик и драстични промени.

Како што старееме, се поретко се осмелуваме. Размислуваме вака: Треба ли да ја оставиме косата да расте или да ја скратиме во трендовски долг боб? Треба ли одвреме-навреме да ја менуваме бојата на косата или да се држиме до природната боја? Повеќето жени на крајот решаваат да не прават никакви промени, а според фризерот на познатите личност Ентони Нејдер, тоа е најголемата грешка што една жена во 40-тите години може да ја направи.

„Жените ја оставаат косата да расте или ја оставаат рамна, без да направат никаква фризура. Тоа нема смисла, бидејќи потоа стоите пред огледало и секој ден правите плетенка или врзувате опавче“, открива Нејдер.

https://www.instagram.com/p/BSmQERAloGF/?utm_source=ig_embed

Мислете на обликот на лицето

„Покажете му на вашиот фризер фотографија од фризурата што ви се допаѓа. Нека ја анализира структурата на вашата косата и формата на лицето, па таа фризура нека ја прилагоди максимално на посакуваната.

Со текот на годините, лицата стануваат помалку меки и заоблени, односно стануваат ‘аглести’. Па затоа, нема да ви стојат истите фризури што ви стоеле добро пред 10 години. Ако сакате да ја врзете косата одзади, тоа само ќе го нагласи ‘аглестиот’ облик на лицето“, објаснил Нејдер.

На речиси сите жени во најдобрите години им стојат две фризури: благо брановита фризура што убаво го опфаќа лицето, дава повеќе контури и го ублажува „коцкестиот“ облик.

https://www.instagram.com/p/BtmeG0dl2wh/?utm_source=ig_embed

Втората е „пони“ фризура, која завршува веднаш под веѓите, а ги крие  брчките на челото.

https://www.instagram.com/p/BvuLb7lhDAG/?utm_source=ig_embed

Други совети на професионалци

По одењето на фризер, негата на косата мора да ја продолжите и дома. Меѓутоа, не претерувајте. Многу жени во 40-тите користат голема количина на производи за обликување на косата што ја прават потешка и ја влечат надолу, но Најдер советува да користите што помалку хемија.

Дознајте и која фризура е идеална за жените во 40-тите години!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.