Најголемата грешка која ја правиме кога се фенираме по дома: Фризерите тоа никогаш не би го направиле!

Нега на коса

Убавата и уредна фризура е една половина од тоа како изгледа една средена жена. Сепак, некогаш не сме во можност да одиме во салон за убавина, па е добро да знаеме како да се изфенираме дома.

Веројатно и вие забележавте колку ви е поинаква косата, какви препарати и да користите, кога ќе ја изфенирате дома во однос на тоа кога ќе не средат на фризер. Обично кога средувате по дома, косата некако секогаш изелгува наелектризирана, брзо се масти и не „паѓа“ како што треба.

Експертите тврдат дека неправилното фенирање е главен проблем за сува и безживотна коса, упатувајќи на грешките кои ги правиме. Многу е важно денот да го држиме поблиску и температурата да не биде ставена на максимум.

„Држете го фенот на барем три сантиметри од косата и насочете одозгоре кон врвовите – на тој начин ќе го избегнете пукањето на врвовите на косата“, тврдат експертите.

Најчеста  грешка која ја правиме е долго фенирање – со желба косата да ни „паѓа“ убаво и фризурата за да биде постојана ја фенираме подолго од што смееме.

„Немате потреба да ја миете косата два пати затоа што тој начин се активираат лојните жлезди, а потоа косата ви станува помрсна. Едно миење е сосем доволно“, изјави Бритнаксата фризерка Луис Галвин објасни како правилно користи регенератор.

„Ставете регенератор на косата и немојте целосно да го измиете, бидејќи така производот рамномерно се распоредува, а потоа косата исчешлајте ја со прстите од врвовите кон коренот. Запамтете, вашите прсти се понежни од четката. Ова е посебно важен совет за луѓето кои имаат долга коса и за жените кои се во менопауза, затоа што  косата им е посклона на оштетување“, додаде фризерката и нагласи дека најправилно е косата да се чешла од врвовите.

„Повеќето земаат четка и почнуваат од коренот да чешлаат. Иако, тоа може да оди мазно, подовна кога ќе ја погледнете четката, ќе видите големо опаѓање на косата. Затоа секогаш почнувајте од врвовите, па косата полека чешлајте ја кон коренот“, вели таа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.