Мажите се едногласни: Оваа женска фризура ја сметаат за најпривлечна!

Од машки агол

Што поедноставно, тоа подобро

Секако дека треба да го носите она што вам ви се допаѓа, но нѐ интересираше што мажите мислат на оваа тема, која фризура најмногу сакаат да ја гледаат кај жените, што е тоа што тие го сметаат за привлечно.

Го прашавме машкиот пол како изгледа фризурата што ги воодушевува?

Без премногу експериментирање и украси за коса

Резултатите можеби ќе ве изненадат. Мажите не се претерано воодушевени од фризури со многу шноли, не им се допаѓаат ниту мокрите кадрици, но ни плетенките и другите фризури за кои е потребно да се врзува косата. Претераниот труд околу косата ги одбива.

Па, какви фризури сакаат?

Време е да ви откриеме која фризура навистина им се допаѓа. Имено, повеќето мажи сакаат едноставни фризури. Што пообично, тоа подобро.

Негуваната, благо брановидна и сјајна коса е она на коешто паѓаат. Па така, ако сакате да заведете некого, не треба да вложувате никаков труд. Едноставната фризура е најмоќното оружје за заведување.

Заборавете на трендовите: Овие 2 фризури никогаш нема да излезат од мода, а совршено им стојат на сите!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.