Мажите гласале: Ова се петте фризури што не ги поднесуваат!

Што мислите вие?

Жените, како и обично, не се согласуваат со нив…

Коњско опавче, пунџа, кратка коса… Листата на фризури е долга и повеќето жени имаат еден одреден стил на кој најчесто му остануваат верни со години.

Но дали некогаш сте се запрашале дали на вашиот партнер му се допаѓа вашата фризура?

Во анкета на еден портал за убавина, мажите одговарале на прашања за женски фризури, односно откриле кои фризури воопшто не им се допаѓаат. Секако, секогаш најважно е фризурата да ви се допаѓа вам, без оглед на мислењето на мажите, но интересно е да се знаат реакциите на спротивниот пол…

1. Несреден изглед

Жените ја обожаваат таканаречената разбушавена фризура, бидејќи не е комплицирана. Малку ја протресувате косата, ставате малку сув шампон евентуално и ете ја фризурата што изгледа како штотуку да сте станале од кревет. Кај мажите оваа фризура не поминува баш најдобро – добила слаба тројка во категоријата сексапил.

https://www.instagram.com/p/BqkXPDTDpua/?utm_source=ig_embed

3. „Пикси кат“ фризура

Можеби проблемот е во тоа што мажите се плашат дека жената со кратка коса би можела да им биде конкуренција, па затоа „пикси кат“ завршила на самото дно на гласањето. Повеќето мажи претпочитаат долга коса кај жените.

3. Полу-пунџа

Станува збор за веќе видена фризура на полу-подигната коса, која сега има ново лице, бидејќи е подигната на самиот врв на главата. Младите жени особено ја сакаат оваа фризура, бидејќи може да се направи за неколку секунди. Меѓутоа, мажите мислат поинаку.

„Изгледа како обид да направиш нешто од косата, а немаш поим како оди тоа“, гласело објаснувањето на испитаниците.

https://www.instagram.com/p/Br7kdK7BPID/?utm_source=ig_embed

4. „Строга“ плетенка

Строгата и цврсто врзана коса во плетенка ги става цртите на лицето во прв план. И покрај тоа, не поминала добро во анкетата. Мажите не ја сметаат за креативна, а ни за убава. Освен тоа, жените со опавче ги оцениле како многу резервирани и воздржани.

5. Пунџа

Како и плетенката, ни пунџата не е меѓу омилените фризури на мажите. Пунџата изгледа пресериозно, објасниле мажите. Освен тоа, се плашат да ја допрат за да не расипат нешто.

https://www.instagram.com/p/BbwHj3glC_H/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.