Кратката коса повторно е во тренд: Ова се убедливо најдобрите есенски фризури!

Време е за промена на имиџот

Одлично му стојат секому

Долгата коса оваа есен апсолутно е во аут. На сцената настапуваат пократки и фризури со средна должина, а пред сè, се цени здравата, негувана и блескава коса.

Оваа година нема средина кога станува збор за стилизирањето на косата. Во тренд се или исклучително измазнети фризури или потполно разбушавени со максимален волумен.

Најчестиот избор на дамите оваа есен ќе биде боб, лоб, како и кратката степенесто потстрижана коса со кркми. За секого по нешто.

Најдоброто е што кратките фризури одземаат неколку минути за стилизирање. Можете слободно да заборавите на фенирањето и одењето на фризер. Со минимален труд, ќе имате совршено стилизирана коса.

Боб инспириран од 1990-тите години одлично му стои секому. Должината е идеална за секоја форма на лице, па така сигурно нема да погрешите доколку се одлучите за неа.

Исто така, и лоб-фризурата што се одликува со малку пократок заден дел од предниот, одлично стои на секоја форма на лице.

Степенестата фризура е за малку похрабрите дами.

„Бикси“ официјално е новата омилена фризура: Му стои секому, а се прави за миг!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.