Косата расте по 3 см месечно од оваа маска: Сигурно веќе ги имате дома сите потребни состојки!

Добро запомнете го овој рецепт

Состојките на оваа маска имаат феноменално влијание врз косата

Ако редовно ја користите оваа маска, косата ќе ви се прероди. Ќе биде помека, поздрава, но и многу побрзо ќе ви порасне. Главната состојка е квасецот кој го стимулира коренот на косата и е главниот виновник за подобрувањето на квалитетот на косата.

За максимални резултати, користете ја маската 2 пати неделно во период од 2 месеца. По овој временски период ќе забележите дека испуканите и суви врвови исчезнале и дека влакното е многу поцврсто.

Состојки:
  • 20 г свеж квасец
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица млеко
Маската се приготвува на следниов начин:

Во 1 супена лажица топло млеко растворете 1 кафена лажица мед, а потоа додајте 20 г свеж квасец или 7 г сув квасец. Оставете ја смесата на топло место да ферментира 15 до 20 минути.

Добиената смеса нанесете ја на чиста и влажна коса. Завиткајте ја во најлонска кеса и пешкир. Оставете ја на главата еден час (можете и подолго до 2, што подолго тоа подобро). Потоа измијте ја косата со топла вода.

Габичките на квасецот ја зголемуваат количината на витамини, протеини и минерали кои се неопходни за растењето на косата. Хранливите материи се впиваат во фоликулите на косата и ја зајакнуваат оштетената коса.

4 грешки со косата што прават да изгледате и до 15 години постари: Сè е во деталите! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.