Косата почна да ви опаѓа по породувањето? Можно е да страдате од постпартална алопеција

Еве како се третира

Губењето на косата кај мажите се смета за нормален дел од животот, но жените често се срамат да признаат дека губат коса, било по породување или во подоцнежните години од животот. Навистина е важно да се подигне свеста за ова прашање, бидејќи новите мајки не треба да се плашат да зборуваат за тоа и да добијат помош ако им е потребна.

Постои еден посебен вид губење на косата, за која многу жени не знаат ништо, додека самите тоа не го доживеат – постпартална алопеција. И тоа влијае на околу 40 до 50 проценти од новите мајки.

Постпартална алопеција е вид губење на косата што ги зафаќа жените во почетните месеци по раѓањето. По породувањето, во телото на жената се случуваат голем број хормонални промени, а особено значително опаѓа нивото на естроген.

Повисоките нивоа на естроген за време на бременоста значи дека жените губат помалку од просечните 100 влакна на ден, бидејќи имаат околу 50% помалку влакна во телогена фаза или фазата на одмор во циклусот на раст на косата. Оваа промена е причина зошто некои жени имаат погуста и посјајна коса додека се бремени.

Во текот на бременоста, голем дел од жените ќе забележат дека средувањето на косата ќе им биде многу полесно отколку претходно, а ќе забележат и дека имаат помалку коса на четката за коса и на сифонот во туш-кабината од вообичаеното. Но важно е да се забележи дека искуството со бременоста не е исто кај сите жени. Постојат жени кои воопшто не гледаат големи промени во својата коса.

По породувањето, телото поминува низ многу промени. Очекувајте првите неколку недели по породувањето косата да остане иста како и за време на бременоста.

Но околу два месеца по породувањето, ќе започнете да забележувате дека повеќе ви паѓа коса за време на четкањето, а исто така наутро на вашата перница. Причината за тоа е дека нивото на естроген повторно опаѓа и почнувате да ја губите косата што е сочувана за време на бременоста.

Ова губење на косата може да се случи одеднаш помеѓу два и три месеци по породувањето и иако обично се враќа на ниво пред бременоста, шест до девет месеци постпартално, сепак тоа може многу да ги вознемири новите мајки.

Наш совет: почнете со проверка на исхраната!

На почетокот, лесно можете да се впуштите во лоши навики, бидејќи да се биде нова мајка, се разбира, одзема многу време и многу сте фокусирани на бебето.

Значи, погледнете во вашата исхрана за да проверите дали сте доволно хидрирани и дали ги внесувате потребните хранливи материи – особено железо, цинк и протеини. Додајте повеќе свежо овошје и зеленчук.

Исто така, потрудете се да го редуцирате стресот, што е исто така предизвик со новороденче, бидејки тоа може да ги влоши симптомите. Јасно е дека немате многу време за рутинска нега на косата, сепак обидете се редовно да ја миете.

Користете го времето за нежна масажа на главата при туширање. Тоа исто така помага да се намали и стресот.

Исто така, обрнете внимание како ја стилизирате косата, избегнувајте метални додатоци за коса и таа да е стегната во опавче.

Оставете ја косата слободно да се исуши на воздух колку што е можно повеќе. Така не само што се заштедува време, што е секогаш бонус со бебе, но исто така ќе направите пауза од користење на фенот и пеглата за исправување на косата кои ја прават сува и може да го влошат процесот на губењето на коса.

Со цел да го помогне природниот циклус на растење на вашата коса, Revalid® има развиено целосен третман против опаѓање на косата.

Revalid® шампонот за стимулација на раст содржи Redensyl®, иновативна состојка која докажано ги обновува клетките во фоликулите одговорни за раст на косата. Составена е од две патентирани молекули – DHQG, добиени од екстракт од ариш и EGCG2, кои се наоѓаат во листовите на зелениот чај – во комбинација со цинк и аминокиселината глицин.

Екстрактот од швајцарска Artemisia и пантенолот чистат нежно, додека ја хидрираат и зајакнуваат вашата коса.

Revalid шампонот за стимулација на растот обезбедува оптимална грижа и ја подготвува косата за третман против опаѓање со Revalid® серумот за раст. Не содржи парабени, сулфати и силикон.

Revalid®  серумот за раст содржи иновативна и патентирана состојка Redensyl®.

Redensyl® го обновува растот на косата, го намалува губењето и ја зголемува густината на косата за 8%, што одговара на 28’000 нови влакна по 3 месечна редовна употреба.

Екстрактот од Artemisia од швајцарските Алпи обезбедува антиоксидантни етерични масла кои го надополнуваат регенеративниот ефект на Redensyl®.

Дополнителните аминокиселини и пантенолот ја хидрираат косата и сувиот скалп и го стимулираат обновувањето на клетките на кожата. Не содржи парабени, сулфати и силикон.

Производите Revalid, чиј увозник е Ewopharma, можете да ги купите онлајн доколку кликнете ТУКА.

Кога да се посети лекар/дерматолог? Ако промените во вашата рутина за нега на коса не резултираат со поздрав изглед на вашата коса или намалување на губењето на косата или ако симптомите продолжуваат подолго од една година после породувањето, можеби треба да го посетите вашиот лекар или дерматолог.

Можно е да постојат и други причини за губење на косата и важно е да се консултирате со лекар ако сте загрижени за проретчување на косата или губење на косата, бидејќи повеќето причини за тоа може да се третираат. Колку побрзо ќе се открие проблемот, толку се подобри резултатите на подоцнежниот третман.

КОНТАКТ:
Телефон: +389 (0)2 511 35 99
Факс: +389 (0)2 520 20 99
info@ewopharma.mk

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.