Косата и анализа на крвта – има некоја тајна врска

Општите и биохемиските тестови на крвта имаат цел да го одредат нивото на хемоглобин и да идентификуваат други знаци на анемија, кои резултираат со губење на косата.

Биохемиската анализа ја одразува функционалната состојба на црниот дроб и бубрезите, како и главните показатели за метаболизмот. Во проучувањето на крвниот серум, особено внимание му се посветува на феритинот. Пациентите што имаат ниско ниво на железо во крвта страдаат од бавен раст на косата и нејзино губење.

Кога станува збор за хормоните, акцентот е ставен на нивото на хормоните што ја одредуваат функцијата на тироидната жлезда. Со дисфункција на тироидната жлезда се јавуваат голем број метаболички процеси, што доведува до прекумерно опаѓање на косата. Концентрацијата на витамини и минерали е исклучително важна.

На пример, витаминот Д е регулатор на метаболизмот на калциум-фосфор, кој е неопходен за одржување на растот на косата. Покрај тоа, овој витамин го поддржува имунолошкиот систем, а исто така овозможува побрзо закрепнување по болест. Освен витамините, мора да ја запомните и улогата на одредени елементи: цинк, селен, калциум.

За нивна асимилација е потребно да се води сметка за доволно внесување на витамините А, Е и оние од групата Б.

Руската народна медицина препорачува

* Педесет грама сечкани црвени лути пиперки прелејте со половина литар вотка или домашна ракија и оставете го тоа да отстои една недела. Добиеното средство втривајте го во кожата на главата и коренот на косата наутро и навечер.

* За да го спречите опаѓањето на косата и да ја зајакнете, правете маска трипати неделно: 50 мл рицинусово масло измешајте со лажица сенф во прав, нанесете го тоа на косата и коренот на 30 минути, а потоа внимателно измијте ја косата со бебешки шампон.

* Чај од лепка (лат. Galium aparine): една лажица од билката оставете да отстои еден час во шолја превриена вода. Пијте по две лажици трипати на дан, а исто така користете го и како лосион за глава.

* Листовите од коприва во вид на одвар или тинктура имаат широка примена за плакнење или како лосион по миење на косата – за зајакнување и поттикнување на растот на косата. Одвар: една лажица суви листови од коприва прелејте со 300 мл врела вода, оставете да отстои 30 минути, па процедете. Тинктура: 50 г суви листови прелејте половина литар вотка, оставете да отстои две недели, па процедете.

* Одвар од стебленца од морков: 100 г суровина варете во литар вода 10 минути, оставете да отстои 30 минути, па процедете. Измијте ја косата со овој одвар, а потоа завиткајте ја влажната глава со крпа (не плакнете!) и оставете да дејствува прекуноќ.

Чудотворна маска од сол

И покрај фактот дека оваа процедура е едноставна, резултатот пријатно ќе ве изненади. Еднаш на секои три дена, додека ја миете косата, на темето ставајте маска од кујнска сол. Чистата влажна коса исушете ја со крпа и по должината на патецот на кожата нанесете обична сол. Не ја втривајте за да не ја повредите кожата.

Врзете марама на челото за да не ви влезе сол во очите, покријте ја косата со најлонско ќесе и почекајте 15-20 минути, па измијте ја. По седум до десет такви процедури, ќе заборавите на вашиот проблем!

ЗАБЕЛЕШКА: Не правете го ова ако имате некакви ранички на главата.

Текст: Руски доктор

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.