Кокосовото масло е спас за кадравата коса

Рецепти за домашни третмани

Оние кои имаат кадрава коса многу добро знаат како изгледа постојаната „борба“ за да се одржи убава и здрава. Кадравата коса задржува повеќе нечистотија, загадување, маснотии и пот, па затоа ѝ треба посебно внимание, а кокосовото масло е големо олеснување!

Од зајакнување на косата до навлажнување и додавање на дефиниција, кокосовото масло може да стори сѐ. Кокосово масло, како што сугерира името, е направено од кокос. Белото месо од кокос се суши на сонце за да се оддели кокосовото масло богато со заситени и незаситени масти. Маслото оксидира полека и може да се чува околу 6 месеци на 24°C. Но, што го прави кокосовото масло толку добро за кадрава коса?

Маска од кокосово масло

Може да помогне масажа на топло кокосово масло над кадрици еднаш или двапати неделно.

Подготовка: Земете лажица кокосово масло. Загревајте го 2 до 3 секунди во микробранова печка. Оставете малку да се излади. Нежно масирајте го низ косата и скалпот. Оставете да делува 30 до 45 минути. Измијте ја косата со благ шампон и ставете регенератор за виткана коса.

Совет: Кокосовото масло може лесно да се нанесе и на влажна коса за да ги подобрите вашите кадрици.

Маска од кокосово и бадемово масло

Кокосово масло и масло од бадем работат одлично за навлажнување на груба и сува коса.

Подготовка: Измешајте 1 лажица масло од кокос со 1 лажица масло од бадем. Одделете ја косата и нанесете ја смесата од корените до краевите. Врзете ја косата во пунџа и почекајте 30 минути пред да ја измиете.

Кокосово масло и сок од лимета

Сокот од лимета е одличен за лекување на првут. Сепак, нанесувањето директно на скалпот може да предизвика иритација. Мешањето со кокосово масло може да помогне.

Подготовка: Земете 1 лажица масло од кокос и масирајте го преку скалпот и влакната на косата. Може да земете малку дополнително кокосово масло и да го масирате само на скалпот. Натопете памучна топка во сок од лимета и лесно ставете ја на главата. Измијте се по 10 до 15 минути.

Прочитајте и: Што е заблуда, а што вистина кога станува збор за шампоните

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.