Клучни зборови: Бујна и негувана коса

Еве како до неа!

Исклучете го фенот, затоа што оштетувањата што настануваат поради честото термичко обликување на косата се навистина многубројни. Еве како природно да ја исушите и да ја обликувате косата, а притоа да ви изгледа одлично…

Ако ви се случило да го доближите фенот преблиску до главата или да го држите предолго на едно место, сигурно сте почувствувале неподнослива врелина на воздухот. Сепак, тоа не ве спречува да продолжите да ја фенирате косата речиси секој ден.

Честото и долготрајно сушење на косата на овој начин ја оштетува надворешната обвивка на влакното (кутикулата) и резултира со сушење, губење на сјајот, еластичноста и на мазната структура на косата.

Затоа, време е да го исклучите фенот, бидејќи постојат и други методи, средства и трикови со чија помош ќе го постигнете посакуваниот ефект од обликувањето без употреба на овој апарат. Освен тоа, природното сушење на косата е добар начин да ја запознаете и да ја истакнете нејзината природна структура.

Прво утврдете дали косата, кога е сува, ви е тенка и мека, или е остра, а потоа следете ги следниве искуства…

Заштитете ја кожата на главата

Топлината има негативно дејство врз скалпот. На кој начин, ги прашавме експертите!

 Кои се последиците од честото фенирање?

Прегревањето на кожата на главата може да предизвика изгореници и оштетување на фоликулата на влакното. Последично, тоа може да предизвика појава на лузни, па дури и трајно губење на косата.

Може ли честото фенирање да ја влоши состојбата во случај на некои кожни заболувања, како псоријаза и егзема?

Апсолутно! Ако фенирањето предизвика појава на изгореници на скалпот, постои ризик од оштетување на клетките на кожата, поради што се појавува првут. Кај лицата што имаат псоријаза, најчесто се влошуваат симптомите на болеста, бидејќи локално применетата топлина ги активира воспалителните процеси.

Колку пати во неделата смееме да ја фенираме косата?

Најдобро еднаш или двапати неделно, во зависност од состојбата на вашата коса. Кога почнувате со сушењето, наместете го фенот на најниската температура, а потоа постепено зголемувајте ја. Користете четка што не е густа – за да спречите прекршување на влакната.

Ако ви е мека косата…

Зголемете го волуменот на природно исушената коса така што претходно двапати ќе ја измиете со шампон и ќе нанесете регенератор само на нејзините врвови, а потоа нанесете нежно средство за обликување (наш предлог: 1. пена за косаVolume Plumping, NIVEA, околу 190 ден.) и прснете малку шампон за суво миење, ќе ви обезбеди волумен (наш предлог: 2. BrushUP K.Style, Lakme 520 ден., www.shop.depileve.mk).

Потоа, наведнете ја главата, префрлете ја косата надолу и нежно протресете ја за време на сушењето. На тој начин ќе спречите нејзино слепување во коренот.

Ако косата ви е остра…

За време на сушењето поентата е да се спречи прекумерен волумен, кој го оневозможува посакуваното обликување, како и сувиот и испукан изглед на влакната. Измијте ја косата само еднаш со шампон, нанесете регенератор од нејзиниот корен до врвовите, а потоа нанесете комбинација од препарат со понежен степен на зацврстување и маслено средство за скротување и омекнување на влакната (наш предлог: 3. заштитно масло за коса KAYSUN, KAYPRO, 590 ден., www.shop.depileve.mk).

Хранливата маска за коса, покрај регенеративното дејство, ќе ја омекне острата коса (наш предлог: 4. хранлива маска Revalid Hair Mask, околу 590 ден.). Не допирајте ја косата за време на сушењето, во спротивно ќе ги нарушите природната текстура и форма на кадриците.

Уште неколку корисни трикови…

Доколку не сте воодушевени со природната текстура на косата, едноставни трикови може да помогнат да го постигнете посакуваниот стил, и тоа без употреба на фен. Генерално правило: колку се поголеми папилотите, толку косата ќе биде поисправена.

За истакнување на текстурата на правата коса, се препорачува врзување двократен јазол – еден на врвот на главата, друг во тилот. За поголем волумен и брановиден изглед, одврзете ја косата кога ќе се исуши во целост.

ТЕКСТ: НАТАША ЧОВИНОВСКА

ФОТО: GULIVER/GETTY IMAGES, PR

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.