Клои Кардашијан зборуваше за опаѓање на косата после породувањето и решението што го нашла за тоа

Фото: Getty Images

Постпарталниот период може да донесе голем број промени во телото, како што се чести промени во расположението, опаѓање на косата и валунзи. За новите мајки, ова создава дополнителна грижа и стрес.

Како и многу жени кои раѓаат, Клое Кардашијан реши да експериментира со додатоци на колаген кога забележа опаѓање на косата после породувањето. „Доев, но не долго бидејќи имав потешкотии. После тоа, косата видливо се истенчи, падна и поради хормоните ми се појавија труднички акни“, рече Кардашијан. Ова се случува затоа што нивото на хормоните се зголемува за време на бременоста со цел телото да се прилагоди на соодветни услови за здрава бременост. „Хормоните како естрогенот и прогестеронот значително се зголемуваат и ова има ефект на намалување или запирање на нормалното опаѓање на косата“, рече дерматологот Ени Гонзалес.

Ова е причината зошто некој има неверојатно густа и здрава коса за време на бременоста. Но, по породувањето, хормоните почнуваат да се нормализираат, а тоа резултира во она што го нарекуваме опаѓање на косата после породувањето. Исто така, зголемувањето на прогестеронот може да предизвика дополнително лачење на себум од жлездите и на тој начин да доведе до појава на акни. За да ги реши овие проблеми, Клои најде потенцијално решение во колагенот.

„Би рекла дека забележав значителна разлика во рок од 30 дена“, рече Кардашијан, која реши да се придружи како партнер на Dose&Co., чии производи ги користеше. Нејзиниот ентузијазам е очигледен, но што вели науката? Дали додатоците на колаген навистина влијаат на опаѓањето на косата после породувањето? И да и не, велат експертите. Потребно е повеќе истражување за да се докаже дека колагенот навистина може да помогне во борбата против опаѓањето на косата после породувањето. Но, според д-р Гонзалес, вреди да се проба.

Прочитајте и: Откријте која фризура најмногу одговара на вашата форма на лице

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.