Ќерката на Синди Крафорд зажалила поради овој бјути-потег: Никогаш не требала да го направи ова!

Голема грешка

Ќерката на славниот супермодел од 1990-те се одлучила за еден експеримент со фризурата, кој поминал неславно

Каја Гербер (19), ќерката на славниот супермодел Синди Крафорд (55), тргнала по стапките на мајка ѝ и полека го освојува модниот свет.

Многумина ѝ предвидуваат успешна манекенска кариера. На 18 години позирала гола за насловната страница на „Вог“. Брзо ги освоила престижните модни куќи, па не е ни чудо што станала муза на француската модна куќа Celine.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaia (@kaiagerber)

Неодамна заблескала во модната кампања на „Келвин Клајн“. Нејзин заштитен знак е костенестата боја на коса, а најчесто негува кратка боб-фризура. Меѓутоа, за време на карантинот, како и многумина, експериментирала сама во домашни услов, така што самата си била свој фризер.

Ја осветлила косата, но очигледно е незадоволна од резултатот, па ги советувала нејзините следбеници на Инстаграм да не ја повторуваат нејзината грешка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaia (@kaiagerber)

„За време на карантинот имав одлична идеја сама да си ја осветлам косата со помош на хидроген, што навистина никој никогаш не би требало да го направи. Сепак, не одолеав, па го сторив тоа. Седев некое време на сонце и резултатот беше таков што ми се појавија ‘прекрасни’ портокалови линии на главата“, се присетила младата манекенка.

Каја вели дека потоа одлучила целата коса да ја обои во розова, бидејќи отсекогаш сакала да го направи тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaia (@kaiagerber)

„Розовата коса отсекогаш беше мојот сон и се осмелив да го испробам тоа. Сега си ја вратив мојата природна боја и сега сум најзадоволна“, рекла ќерката на една од најуспешните светски моделки.

Ќерката на Синди Крафорд во љубовна врска со Кара Делевињ (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.