Каков ефект има вежбањето врз вашата коса?

Дали знаете како правилно да ја заштитите косата за време на вежбање?

Косата што постојано мора да ја стилизирате е дефинитивно непожелна појава и одвлекување на вниманието за време на вежбање. Исто како облеката што не ви одговара, панталони што постојано мора да ги кревате или градник што не ви е удобен. Постојат мали совети за тоа како да ја заштитите косата за време на вежбање, подолу ви донесуваме неколку.

Каков ефект има вежбањето врз вашата коса?

Истражувањата покажаа дека вежбањето всушност помага да расте косата. Ова се случува од причина што за време на вежбањето пулсот се зголемува и со тоа протокот на крв и циркулацијата во телото исто така се зголемуваат. Зголемениот проток на крв значи повеќе хранливи материи и кислород да стигнат до скалпот, што може да го поттикне растот. Важно е да се додаде дека редовното вежбање може да помогне во намалување на стресот, што е многу пати главната причина за опаѓање на косата. Исто така, кога вежбате, телото произведува ендорфин, среќни хормони кои можат да го зголемат расположението до 24 часа.

Како да се задржи косата здрава и заштитена за време на вежбање?

Соодветната форма и соодветната опрема се клучни за правилно вежбање, но многумина сигурно никогаш не помислиле дека косата е исто така предмет за заштита. Експертите велат дека е важно, за време на вежбање, да ја одржувате косата средена – врзана во опашка или пунџа. Ова ќе обезбеди удобност и безбедност, бидејќи вашата коса нема да ве вознемирува. Покрај тоа, решение се и плетенките, како и кремите и гелите кои ќе ја одржат витканата коса на едно место.

Прекумерното потење на скалпот може да предизвика сувост и да ги заглави фоликулите долго време. Важно е да ја измиете косата во зависност од тоа колку дена тренирате и каква коса имате. Правите до лабави кадрици бараат почесто миење бидејќи создаваат повеќе себум. Сувиот шампон понекогаш е одлична опција да ви помогне да ја освежите косата ако не ја миете (и не заборавајте, миењето на косата секој ден во никој случај не е препорачливо и не е добро). Трикот што го советуваат и експертите е да ставите маска за коса пред вежбање што ќе направи многу за вашиот скалп и ќе ја заштити косата од пукање и безживотност. Бидете сигурни да ги прочитате состојките на маската и да ги изберете оние со маслиново масло или мед.

Одличен избор е секогаш трака за коса што ќе ја држи косата, но и шноли. Во секој случај, бидете сигурни дека никогаш немате пуштена коса за време на вежбање за да не ве вознемирува при изведување на разни вежби.

Прочитајте и: Дали смеете да ја четкате косата додека е влажна?

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време