Како косата да ви изгледа двојно побујно за миг: Трикот е во ова!

Совет на фризери

Само два чекора ве делат од фризурата од соништата

Ако имате ретка коса, добро знаете колку е тешко да се стилизира и да се направи визуелно да изгледа побујно. Добрата вест е тоа што постои едноставно решение за овој естетски проблем што мачи голем број жени.

Фризерите ни открија трик што проверено функционира, а еве за што станува збор…

Првиот чекор е да ја натапирате косата при коренот, а се советува секогаш да правите патец на страна, бидејќи така фризурата изгледа „пополно“. Друг важен чекор е нанесувањето сув шампон или бебешка пудра. Овој „магичен“ спреј за миг ќе ѝ даде текстура на косата и ќе направи да изгледа побујно.

Како што кажавме, можете да користите сув шампон што ќе го купите во парфимерија или обична пудра за деца. Само посипете мала количина на темето на главата, добро протресете и тоа е тоа. Фризурата е готова.

Дополнителен совет на стилистите е секогаш да правите кадрици или бранови, бидејќи тоа дава дополнителен волумен.

Нема ништо полесно, нели?

Совршена и романтична летна фризура во три потега: По овој трик, ќе заборавите на фризерските салони! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.